мини|десно|250п|Арапица во паркот „Свети Никола“ Арапица () — река во Егејска Македонија која тече низ градот Негуш.

Реката извира од планината Каракамен (Вермио) под името Селска Река (Селиотико Рема) бидејќи таму минува низ Горно Шел и Средно Шел (Горно и Средно Село). По горното течение на реката е сместен паркот „Свети Никола“ (Агиос Николаос). Арапица тече во североисточен правец и, откако ќе излезе од планински предлеи, минува низ градот Негуш и тече низ областа Сланица. Таму поминува крај селата Голишани, Берска Вештица, Воденска Вештица и се влева в реката Мегленица (Могленицас) над Ново Село (Архангелос).

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Негуш Категорија:Споменици на културата во Негуш