Црква „Св. Илија“ - Виничани — главна селска црква во селото Виничани. Се наоѓа на рид во рамките на селото.

Црквата е една од најновите во целата Општина Градско, но и во Македонија, изградена од страна на жителите на селото, кои биле приморани да ги користат другите верски храмови поради недостиг на свој верски храм.

Историја

Црквата започнала да се гради во 2000 година и била завршена по десет години во 2010 година. Изградбата била финансирана од страна на месното население, општината и дарители.

Црквата била осветена во 2010 година, а со самиот чин на осветување чиноначалствуваше митрополитот Агатангел Повардарски.

Галерија

Надворешност

Внатрешност

Поврзано

Кавадаречко архијерејско намесништво Парохија Градско Виничани

Наводи

Надворешни врски

За црквата — страница на Повардарската епархија

Категорија:Виничани Виничани Категорија:Македонската архитектура во 2010 година