Атли ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αατλή - Καβαλλάρης — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 40 километри северно од градот Кукуш и на 2 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во јужното подножје на планината Беласица. Селото се наоѓа на надморска висина од 290 метри.

Историја

Во XIX век, Атли било турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 36 куќи и 82 муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190-191.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото има 150 жители Турци и 84 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.

По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Дел од населението побегнало во Бугарија и на негово место било населено грчко население. Во 1927 години селото било прекрстрно во Каваларис.

Демографија

Во 1928 година селото било бегалско со 70 семејства и 204 жители-бегалци. додека во 1940 година селото броело 363 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото не се спомнува во пописот од 1951 година, додека во пописот од 1961 година, во селото живееле 113 жители, во 1971 година имало 44 жители, во 1981 година имало 15 жители, додека во 1991 година имало 71 жител. Денеска, населението на селото е 79 жители.

Наводи

Категорија:Кукуш