Карија или Карја () — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓало во атарот на поранешната општина Трикала, на еден километар од истоименото село, на надморска височина од 4 метри.

Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида.

Историја

Селото најверојатно претставувало мала чифлигарска населба, која не била обновена.

Население

По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карија (Karia) живееле 100 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.

Населбата Карија била спомената со пописот од 1913 година со 34, а во 1920 година само со 16 жители.

Наводи

Категорија:Историски села во Гида