250п|мини|десно|Аристетоловото училиште (Миескиот нимфеј) кај Копаново (тогаш во Миеза), во кое учел Александар Македонски. Копаново или Горно Копаново (понекогаш се сретнува и како: Купаново и Горно Купаново; , Копанос; до 1953 година: Άνω Κοπανός, Ано КопаносΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Κοπανός - Κοπανός) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
десно|мини|250п|Бисти на маж и жена од крајот на IV век, откриени во Копаново, изложени во Солунскиот археолошки музеј
Селото се наоѓа на седум километри источно од градот Негуш, крај самата железничка линија Солун-Бер-Воден, на надморска височина од 80 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 8 квадратни километри.
Сместено е во областа Сланица, во западниот дел на Солунското Поле, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).
Историја Според античките автори, првите луѓе во областа биле Фригите, а подоцна дошле Македонците. Околу Копаново и Голишани се наоѓа древномакедонскиот град Миеза, откриен при ископувања во 1950-тите години. Во месноста Извори западно од Копаново се наоѓаат остатоците од Миескиот нимфеј, каде Александар Македонски поминал три години како ученик на Аристотел.
На 1 март 1911 година меѓу Горно и Долно Копаново, грчка чета била двајца селани.Дебърски глас, година 2, брой 34, 6 март 1911, стр. 4.
Во 1920-тите години во селото биле населени 186 понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Горно Копаново претставува мешана населба со 94 бегалски семејства со вкупно 374 жители.
Горно Копаново до 1924 година било населено исклучително со македонско население.
Во 1953 година селото било преименувано во Копанос (Κοπανός).
Стопанство
Населението на селото, главно се занимава со земјоделство. Речиси сите обработливи површини се претворени во овоштарници и буквално целото село е опколено од нив.
Бидејќи е развиено овоштарството (насадени се 6.000 декари со овошје) и селото претставува центар на целиот овоштарски регион, во Горно Копаново е изградена фабрика за преработка на овошје, како и голем ладилник, кои делумно ги задоволуваат потребите на производителите на овошје.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Горно Купаново живееле 175 Македонци.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 144. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Купаново имало 232 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
Во 1910 година во Горно Копаново (Άνω Κοπανός) имало 185 жители.Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 210, а во 1920 година со 228 жители. По 1924 година тука биле населени и бегалски семејства од Понд (вкупно 186 бегалци), така што Горно Копаново станало мешана населба, која во 1928 година пораснала на 647 жители. Во 1940 година, селото било попишано со 968 жители, во 1951 година со 1.181, во 1961 година со 1.383, во 1971 година со 1.567, во 1981 година 1.851, а во 1991 година со 1.993 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 2.144 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.853 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Копаново, во кој е единствено село.
Личности
Родени во Копаново Аргир Карабатаков — учесник во Грчката војна за независност
Наводи
Белешки
Категорија:Негуш