Никола Дејков е револуционерен деец од Македонија.http://sofiapomni.com/parcel.php?id=7
Животопис Никола Дејков е роден во 1862 година во градот Прилеп. Учи во Солунска машка гимназија, каде се спријателува со соученикот Дамјан Груев, со кого одржува врски до крајот на животот. По Ученичкиот бунт во гимназијата Дејков заедно со Груев и уште 32 деца заминуваат есента во 1888 година да учат бесплатно во Белград. Завршува гимназија во Белград и продолжува во Вишата школа, но во текот на 1890 година со повеќето Македонци го напушта Белград и заминува да го доврши образованието во Софискиот универзитет. Во Софија е член на револуционерното Македонско студентско друштво „Дружба“.Македонска енциклопедија, І, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 857.
Наводи
Категорија:Македонски дејци Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски општественици