Стефанија () — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 43 жители (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 575 метри.
Историја
Селото било основано во 1920-тите години од страна на грчките бежанци. Според пописот од 1928 година, селото било чисто бежанско со 44 семејства и 115 жители.
Наводи
Категорија:Лагадина