Борис Чушкаров (познат и како Боро Чушкар; во – во ) – македонски првоборец, комунистички деец, политички раководител на НОАВМ и полициски генерал-мајор.

Животопис

мини|200п|десно|Писмо на Боро Чушкар испратено до ГШ (1944 г.)

Завршил учителска школа. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје, во демонстрациите за одбрана на Чехословачка во септември во 1938 година бил уапсен, а подоцна интерниран во Билеќа во јануари 1940 година, заедно со Душан Недељковиќ, Блажо Орландиќ и Антон Колендиќ. Во 1940 година станува член на Комунистичката партија на Југославија.

Во организирањето на народно-ослободителната борба се вклучил во 1941 година. Дејствувал на низа раководни позиции во единиците на НОВ: политички комесар на баталјон и на Третата МНОУБ, на 42 македонска дивизија и на Петнаесеттиот македонски корпус што учествувал на Сремскиот фронт.

Учесник на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил на разни функции во УДБ, народен пратеник, секретар на Републичкиот совет на Народното собрание на НРМ, член на Централниот одбор на СЗБ на НОВЈ и други.

Тој е еден од македонските борци кои не дозволиле сите македонски жртви и борба за ослободување да ја преземе бугарската војска, која сакала да парадира како ослободителска војска низ Скопје.

Автор е на повеќе публицистички и историографски дела и остави обемни мемоари. Исто така ги напишал сценаријата за „Прилеп, вчера и денес...“. и „Препородени полиња“

Носител е на Партизанска споменица од 1941.

Наводи

Надворешни врски Непоколебливоста во борбата за слобода на Кумановската револуционерна организација (извадок од „Борбено Куманово 1919-1941“) „Кушкули... село - 5 јуни 1944“ Прославувањето на 1 мај во бригадата Сведоштво на Боро Чушкар за “бугарското“ парадирање во Скопје

Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски комунисти Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Македонски мемоаристи Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ