Саат-кулата во Свети Николе — времемерно здание во градот Свети Николе.
Светиниколската саат-кула е сместена во најважниот дел на градот, веднаш до црквата „Св. Никола“. Не е познато кога е изградена, но се претпоставува дека е изградена во првата половина на век, кога била изградена и самата црква.
Историја
Според еден извор се верува дека саат-кулата била изградена во првата половина на век, кога била изградена и самата црква „Св. Никола“ во градот, додека според други извори се верува дека била изградена во 1902-1903 година од страна на Наце Бујков, еден од најбогатите и најпознати трговци во тоа време.
Во поново време била реставрирана. Нејзиното управување и одржување е надлежност на Општина Свети Николе.
Часовник
Часовникот во светиниколската саат-кула работи на отчукувања, така што ако е еден часот, ќе има едно отчукување.
Наводи
Надворешни врски
Саат-кула Свети Николе
Категорија:Знаменитости во Свети Николе Свети Николе