Катица Јанева (родена Делиџакова, на година) — македонски поранешен специјален јавен обвинителКатица Јанева ќе биде специјален обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Македонија.

Животопис Катица Јанева е родена на 9 февруари 1965 година. Татко ѝ бил преседател на Основниот суд во Гевгелија.

Студирала на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, од 1983 до 1989 година, а правосудниот испит го положила во 1996 година.

Во 1998 година, таа се вработила како стручен соработник во Судот во Гевгелија.

Јанева, својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала во 2003 година како помошник обвинител. Во 2009 година, таа била именувана за обвинител. Во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во Соединетети Држави и била предавач на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

Во 2019 година, таа била уапсена поради тоа што учествувала во случајот „Рекет“ како трета осомничена.

Кариера во Специјалното јавно обвинителство На 15 септември 2015 година на острана на Собранието на Република Македонија едногласно ја избрало за специјален јавен обвинител кој ќе раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Нејзиниот избор за специјален обвинител, според некои извори, бил изненадување, зашто по Пржинските преговори во игра биле многу попознати правници.

Според законот за основање на ова Обвинистелство таа, како специјален јавен обвинител, располага со неограничен буџет, со право да ги избира своите соработници и со право да воспоставува надлежност врз веќе започнати предмети за кои СЈО има дополнителни докази. Дел од ингеренциите на специјалниот јавен обвинител дефинирани во Законот за СЈО се пренесени во продолжение:

Член 22: „Јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземање на предметите и материјалите во негова надлежност.“ Член 9 став 2: „Јавните обвинители немаат право да донесуваат наредби и обвиненија, а имаат право да го застапуваат Јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство пред надлежен суд“.

Според Член 9 став 2 Катица Јанева, како специјален јавен обвинител е единствената која има право да донесува наредби, одлуки од обвиненија.

Решенијата од Законот СЈО предвидуваат целосна независност на овој специјален јавен обвинител од Јавениот обвинител на Република Македонија, со тоа што предметите целосно ќе се реферираат само пред СЈО без знаење на било кој обвинител од редовното обвинителство кои не се дел од тимот на СЈО.

Мандатот на Катица Јанева како специјален обвинител истекува на 15 септември 2019 година. Со оглед на несогласувањата помеѓу опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ) и Владата (предводена од СДСМ и ДУИ), на 15 јули 2019 година таа поднела оставка. Во оставката наведува: „Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена“

Контроверзи Во 2018 година, сестрата на обвинителката Јанева, Лилјана Делиџакова е предложена од страна на Владата, а од Собранието била избрана за заменик-претседател на Комисијата за хартии од вредност. На позиција претседател на Комисјата е избрана Нора Алити (поранешната пратеничка на ДУИ и ќерка на водачот на ПДП Абдурахман Алити)

Според изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, но и според законот за СЈО сите Катица Јанева е единствената која има право да донесува одлики во име на СЈО. Во ова спаѓаат и одлуките за излегување од притвор и негова замена со домашен притвор, како и за враќање на пасошите на Сашо Мијалков и Јордан Камчев.

Оставката на функцијата специјален јавен обвинител ја поднесува на 15 јули 2019 година, неколку часа пред започнување на прес конференцијата од страна на (реовното) Основно јавно обвинителство во која двајца се осомничени за изнудување на големи суми на пари за влијание врз некој јавен обвинител. На конференцијата за печатобвинителката Вилма Русковска вели дека: „Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018-та, до април 2019-та, првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел во истрага да се олесни постапката на едно осомничено лице, а второто лице континуирано договарало средби. На средбите, тие ги увериле сведоците дека првоосомничениот има влијание врз обвинителот и барале 1.500.000 евра за да го искористи тоа влијание. Тие пари, во два наврати им се исплатени. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците и на првоосомничениот. Биле побарани вкупно 8.000.000 евра за да се запре предистражната постапка, а доколку таа не биде запрена, за делото да има олеснителни околности, тогаш тој требало да им исплати 5.000.000 евра, во кои влегувале и претходно дадените пари. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири рати.“ Истиот ден (15 јуни 2019) на граничен премин со Грција уапсен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а во Скопје уапсен е Зоран Милевски (Кичеец). Двајцата се ставени во притвор, а на Катица Јанева истата вечер одземен ѝ е едниот телефон.

Утредента (на 16 јули 2019) дел од вработените (обвинители и друг персонал) од СЈО одржуваат конференција за печат која ја предводи обвинителката Ленче Ристоска. Таа конференцијата за печат ја започнува со зборовите: „...Денес не стојам само во мое лично име тука, туку стојам во име на сите обвинители кои се зад мене, како и на дел од обвинителите кои ни се на годишен одмор. Тоа се: обвинителот Рустени, обвинителот Донев и обвинителката Фетаи меѓутоа стојам и во име на целиот истражителски тим и во име на цеокупната стручна служба од ова јавно обвинителство.“ Катица Јанева не е присутна на таа прес конференција.

На 21 август 2019 година била приведена и однесена во Кривичниот суд.Вест за приведувањето, каде се задржала до 19 ноември 2019 година кога била пуштена во куќен притвор.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Гевгелија Категорија:Македонски обвинители Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија