„Авантурист“ (англиски: The Adventurer) — американски филм од 1917 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance), Ерик Кембел (Eric Cambell), Алберт Остин (Albert Austin) и Хенри Бергман (Henry Bergman).IMDb, The Adventurer (1917) (пристапено на 10.4.2016) Содржина мини|Постерот на филмот „Авантурист“ Во филмот Чаплин глуми затвореник кој успешно ѝ бега на полицијата. Притоа, тој успева да спаси една девојка (ја игра Пурвианс) и нејзината мајка, кои се дават во морето и тие го канат во нивната куќа, каде приредуваат забава во негова чест. Таму, тој се запознава со таткото на девојката (го глуми Бергман), кој работи како судија и кому затвореникот му делува познато. Меѓутоа, човекот кој е вљубен во девојката (го игра Кембел) ја здогледува фотографијата на затвореникот во весникот и ги повикува полицајците. По урнебесна брканица низ куќата, затвореникот успева да избега.IMDb, The Adventurer (1917) (пристапено на 10.4.2016)
Надворешни врски Charlie Chaplin The Adventurer 1917 - YouTube
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1917 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Филмови на Чарли Чаплин Категорија:Филмови со Чарли Чаплин Категорија:Филмови со Хенри Бергман Категорија:Филмови со Една Пурвианс Категорија:Филмови со Ерик Кембел Категорија:Филмови со Алберт Остин Категорија:Филмови со Џон Ранд Категорија:Филмски комедии