Примож Роглич (; р. ) — словенечки професионален друмски велосипедист и поранешен скијачки скокач, кој моментално вози за UCI World Tour екипата . Роглич ја започнал кариерата како скијачки скокач, но подоцна се префрлил во велосипедизмот.
На Тур де Франс 2017, Роглич станал прв Словенец кој освоил етапа на Тур де Франс. Во септември 2019 година, Роглич ја освоил Вуелта а Еспања, станувајќи прв Словенец кој освоил некоја голема трка.
Кариера Скијачки скокови
Роглич е поранешен скијачки скокач, каде настапувал од 2003 до 2011 година и бил светски јуниорски првак во 2007 година. Негов најдобар личен резултат бил на 183 метри на скокалницата Хајни-Клопфер во Оберстдорф, Германија во 2011 година. Имал тежок пад пред домашната публика во 2007 година на скокалницата Горишек во Планица, Словенија.
друмски велосипедизам Адрија-Мобил (2013-2015)
Роглич започнал со велосипедизам во 2012 година, откако се повлекол од скијачките скокови, бидејќи не се чувствувал дека може да биде на највисокото ниво на спортот. Роглич брзо стигнал до платените нивоа со континенталната екипа Адрија Мобил во сезоната 2013. По три сезони со екипата и успешната сезона 2015, вклучувајќи ја и победата на Трката околу Словенија 2015, добил договор со за следната сезона.
ЛотоНЛ-Џамбо (2016-денес) 2016
Во својата прва година во Светската турнеја, Роглич го покажал својот талент веднаш со петтото место на португалската трка Волта ао Алгарве. Само еден месец подоцна завршил втор на седмата етапа на Волта а Каталуња, каде бил поразен во спринтот од Алексеј Цатевич. Настапил на Џиро д’Италија 2016, каде изненадил со второто место на воведниот хронометар во Апелдорн, при што доцнел само една стотинка зад победникот Том Димулен. Ја освоил деветатта етапа, поединечниот хронометар во Кјанти во должина од 40,5 километри. Ова било изненадување за многумина бидејќи Роглич морал да го користи резервниот велосипед бидејќи неговиот велосипед не ги исполнувал условите на UCI. Само две недели по завршување на Џиро д’Италија, Роглич го освоил националното хронометарско првенство. Во 2016 година завршил десетти на хронометар на Летните олимписки игри 2016.
2017
upright|мини|лево|Роглич на пат кон победа на седумнаесеттата етапа на Тур де Франс 2017.
Во сезоната 2017, Роглич започнал со победа на трката Волта ао Алгарве. Еден месец подоцна завршил на четвртото место на Тирено-Адријатико. На Трката околу Баскија, Роглич освоил две етапи, четвртата и шестата етапа, која била поединечен хронометар. Не само што освоил две етапи, туку и завршил петти на трката. Не му требало долго да дојде до друга победа. На крајот на април, Роглич учествувал на Тур де Романди, каде го освоил поединечниот хронометар на петтата етапа. Поради тоа, завршил на третото место на трката. Негова последна подготвителна трка за Тур де Франс била Стер ЗЛМ Тур, каде го освоил прологот и завршил втор.
Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017. Ја освоил седумнаесеттата етапа на трката со што станал првиот Словенец кој освоил етапа на Тур де Франс. Исто така, освоил доволно бодови да заврши втор во планинскиот пласман. Го освоил сребрениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство.
2018
upright|мини|десно|Роглич (лево) на деветнаесеттата етапа на Тур де Франс 2018
Сезоната 2018 го покажала потенцијалот на Роглич на етапните и големите трки. Успеал да ги освои следниве трки: Трката околу Баскија, Тур де Романди и Трката околу Словенија. Во текот на првите етапи на Тур де Франс 2018, Роглич успеал да ги избегне падовите и механичките проблеми како многумина други фаворити, со што го ставило во можност да се трка со фаворитите како Герајнт Томас, Том Димулен, Крис Фрум, Наиро Кинтана и Ричи Порт. Успеал да се задржува со нив на планинските етапи, одговарајќи скоро на секој напад. По нападот на спуст ја освоил деветнаесеттата етапа на Тур де Франс и се нашол на место за подиум,. На крајот завршил на импресивното четврто место.
2019
мини|лево|Роглич го подигнува трофејот како победник на Вуелта на 15 септември 2019 година во Мадрид.
Ја освоил трката Тирено-Адријатико 2019, како и Тур де Романди 2019 и бил еден од фаворитите пред трката на Џиро д’Италија 2019. Таму, завршил на третото место, носејќи ја розовата маичка шест етапи, освојувајќи две етапи, обете поединечни хронометри.
Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019. На поединечниот хронометар на етапата 10 бил втор во генералниот пласман на само шест секунди зад Наиро Кинтана, 11 секунди пред Мигел Анхел Лопес и 14 секунди пред Алехандро Валверде. Роглич го освоил хронометарот со добра разлика пред неговите соперници и по таа етапа го преземал водството во генералниот пласман со скоро две минути пред Валверде, над две минути пред Лопес и точно 3 минути со Кинтана. Црвената маичка не била доведена во прашање во остатокот од трката, бидејќи Роглич преовладувал на планинските етапи, одговарајќи на секој напад и само добивал повеќе време како трката одела кон крајот.
Успешната сезона била крунисана со победи на две класични трки во октомври; Џиро дел’Емилија, која му била прва победа меѓу класиците и Тре Вали Варезине.
Достигнувања
2014 1. Етапа 2 Трка околу Азербејџан 1. Хрватска-Словенија 3. Краен пласман Велосипедска трка Сибиу 1. Планински пласман 2015 1. Краен пласман Трка околу Азербејџан 1. Етапа 2 1. Краен пласман Трка околу Словенија 1. Етапа 3 1. Етапа 5 Трка околу езерото Ќингхаи 1. 20п Планински пласман Сетимана Копи & Бартали 2. Краен пласман Трка околу Хрватска 4. Краен пласман Трка околу езерото Ќингхај 1. Етапа 5 2016 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 9 (ITT) Џиро д’Италија 4. Краен пласман Тур ди Поату Шарант 5. Краен пласман Волта ао Алгарве 7. Европско хронометарско првенство 10. Олимписки друмски хронометар 2017 1. 20п Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Етапа 17 Тур де Франс 2. 15п Светско хронометарско првенство 2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 1. Пролог 3. Краен пласман Тур де Романди 1. Етапа 5 (ITT) 4. Краен пласман Тирено-Адријатико 5. Краен пласман Трка околу Баскија 1. Етапа 4 1. Етапа 6 (ITT) 5. Национално друмско првенство 2018 1. 20п Краен пласман Трка околу Баскија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 4 (ITT) 1. 20п Краен пласман Тур де Романди 1. 20п Краен пласман Трка околу Словенија 1. Етапа 4 1. Етапа 5 (ITT) 1. Етапа 3 Тирено-Адријатико 3. Краен пласман Трка околу Британија 1. Етапа 5 (TTT) 4. Краен пласман Тур де Франс 1. Етапа 19 6. Волта а ла Комунитат Валенсијана 7. Џиро дел’Емилија 2019 1. 20п Краен пласман Вуелта а Еспања 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 10 (ITT) 20п Награда за борбеност на етапа 10 1. 20п Краен пласман Тур де Романди 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 1. Етапа 5 (ITT) 1. 20п Краен пласман Трка ОАЕ 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 6 1. 20п Краен пласман Тирено-Адријатико 1. Џиро дел’Емилија 1. Тре Вали Варезине 3. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 1 (ITT) 1. Етапа 9 (ITT) 3. Хроно де Насионс 4. Национално друмско првенство 7. Џиро ди Ломбардија
Распоред на резултатите
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 202220п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро 58 — —3 — — —20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — 384 —2 DNF DNF20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта — — —DNFРаспоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 2023 Париз-Ница — — — — — 151 — Тирено-Адријатико 524 29 — — — Волта а Каталуња 44 — — — — — — Трка околу Баскија —51 — —18 Тур де Романди —311 — — — Критериум ди Дофине — — — — DNF —1 Тур де Свис — — — — — — —
СО = се откажал; — = не учествувал
Награди
Спортист на годината во Словенија: 2019
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Словенечки скијачки скокачи Категорија:Словенечки велосипедисти Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Трбовље Категорија:Словенечки етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Словенечки етапни победници на Тур де Франс Категорија:Победници на Вуелта а Еспања Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Словенија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020