Каликрат (грчки: Καλλικράτης) бил старогрчки архитект активен кон средината на 5 век п.н.е. Заедно со Иктин го конструирал Партенонот (Плутарх, Перикле, 13) . Од напис дознаваме дека тој е архитектот на „храмот на Ника“ во светилиштето на Атена Ника на Акрополот (IG I3 35). Овој храм е или амфипростилот храмот на Атена Ника кој е денес го гледаме на местото или пак претходникот со помали димензии (наиск) чии остатоци се најдени во темелите на претходно споменатиот храм.. Од друг напис пак, дознаваме дека тој е архитектот на класичните ѕидини во коло (IG I3 45), а Плутарх нè надополнува (loc cit) со тоа што тој го изградил и средниот од трите ѕида кои ги поврзувале Атина и Пиреја.
Поврзано Иктин Партенон
Наводи
Категорија:Архитекти Категорија:Старогрчки архитекти Категорија:Починати во непозната година Категорија:Родени во непозната година