Шњардви (; , Шпирдингзе) — езеро во Мазурското Поезерје, Варминско-мазурско Војводство, Полска. Претставува најголемо езеро во Полска со површина од 113,8 км2. Долго е 22,1, а широко 13,4 км. Најголемата длабочина изнесува 23 метри. Во езерото се наоѓаат осум острови.

Географија

Шњардви настанало со повлекувањето на мразот и исушувањето на истечните води како последица на повлекувањето на ледникот. Меѓу осумте острови се: Шероки, Чарци, Виспа Пајенча, Виспа Качор и други. Околни населби се Попјелно, Глодово, Њеѓвјеѓ Руг, Окартово, Нове Гути, Зденгово и Лукнајно.

Помеѓу многуте островчиња, две се именувани како посебни езера: Варнолти и Сексти. Шњардви е поврзано со следниве езера: Тухлин, Лукнајно, Миколајско, Рош, Бјалолавки и Тиркло. Опкружено од ситем на канали познати како „Мазурски Канали“ (Kanały Mazurskie), со бројни засуни. Заедно го образуваат Мазурското Поезерје.

Наводи

Литература J. Szynkowski, Mazury. Przewodnik, Kengraf Kętrzyn, 2003

Надворешни врски

Категорија:Езера во Полска Категорија:Варминско-мазурско Војводство