Методија Величковски (р. 11 мај 1966) — македонски воен генерал, десетти началник на Генералштабот на АРМ од 2015 до 2018 година.Методија Величковски е нов началник на Генералштабот на АРМ. Објавеново 18 август 2015. Величковски е роден на 11 мај 1966 година во Скопје. Тој е оженет и има два деца.
Образование Воена гимназија (1980-1984 г.); Воена Академија (1984-1988 г.); Школа за Команданти на баталјон 1999 г. (Германија); Командно Штабна Академија (Скопје 2000 г.); Курс за водачи, Џорџ Маршал Центар (Германија); Школа за национална безбедност и одбрана ВА-ФНСО, Софија, Бугарија (2005-2006 г.); Магистер од областа на стратегиско раководење со одбраната и вооружените сили. Воена кариера Командир на вод, 1988-1991; Командир на инженериска чета, 1991-1994; Началник на инженерија во 1.гардиска бригада, 1995-1999; Командант на инженериски баталјон, 1999-2001; Началник на Г-7 (инженерија) во Штабот на СЕЕБРИГ, 2002-2004 Началник на Штаб на инженериски полк, 2004; Командант на инженериски полк, 2004-2006; Заменик на Командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, 2006-2009; Командант на 2.мпбр во ЗОК на ГШ на АРМ, 2009-2012; Командант на ЗОК, 03.2012-08.2015; Началник на Генералштаб на Армијата на Република Македонија од 18.08.2015. Унапредувања: потпоручник (1988) поручниик (1989) капетан (1993) капетан I класа (1996) мајор (1999) потполковник (2001) полковник (2006) бригаден генерал (2011-2013) генерал-мајор (2013-2015) генерал-потполковник (2015) Одликувања САД: Официјален медал од Националната гарда на Вермонт (); Бугарија: Официјален медал за Заслуги во Службата под Боите – од втор ред (); НАТО: Медал за достигнување на СЕЕБРИГ () Надворешни врски Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски Наводи
Категорија:Армија на Република Македонија Величковски, Методија Величковски, Методија Категорија:Македонски генерали Категорија:Родени во 1966 година