Ужгород (, , ) — град во западна Украина, на границата со Словачка и во близина на Унгарија. Градот е главен град (административен центар) на Закарпатската Област и на Ужгородскиот Реон. Според проценка од 2022 година градот имал 115.449 жители.
Име Градот името го добива од реката Уж која го дели градот на два дела: стар и нов, а „хород“ е старословенскиот збор „градъ“. Ова име е ново, и датира од XX век. Пред тоа градот бил познат како Унгвар/Онгвар/Хунгвар (Ungvár / Ongvár / Hungvár). Исто така е користено и Унгујвар (Unguyvar) кое значи “Тврдина на Уж” каде “Унг” е унгарско име за Уж, а “вар” е тврдина. Градот е познат и под други имиња како: ; ; ; ; .
Историја
Рана историја
Основачи на градот се старите Словени, едно од нивните племиња Бели Хрвати живеело на тие простори во втората половина на првиот милениум. Во IX век Ужгород прераснал во тврдина која била центар на словенско кнежевство на чело со Лаборец кој бил вазал на Велика Моравија. Во 895 г. унгарските племиња на чело со Арпад го нападнале и уништиле Ужгород, притоа Лаборец бил обезглавен и фрлен во реката која и ден денес го носи неговото име во источна Словачка. Со доаѓањето на Унгарците, малиот град започнал да се проширува. Во периодот 1241-1242, Монголците предводени од Бату Кан ја запалиле населбата. Во раниот XIV век Ужгород покажал силен отпор кон новите унгарски владетели од Анжујската династија. Од 1318 па се во наредните 360 години со градот владееле италијанските грофови Другет. Во тој период Филип Другет го изградил Ужгородскиот замок. Заедно со замокот, процветал и градот. Од 1430 г. Ужгород станал слободен кралски град. Во XVI и XVII век во Ужгород било развиено мануфактурното занаетчиство. Во истиот период градот бил зафатен од религиозни војни меѓу протестантската Трансилванија и католичката Австрија. Во 1646 г. била прогласена Ужгородскиот Сојуз и Русинската гркокатоличка црква била воспоставена во Поткарпатија со церемонија водена од пратеник од Ватикан – Аегис. Во 1707 г. Ужгород бил дом на Ференц II Ракоци, водач на народноослободителната војна на Унгарците против Виена. Почетокот на XIX век бил карактеризиран со економски промени, биле отворени првите индустриски капацитети во градот. Најголемо влијание на Ужгород имала унгарската револуција, во која унгарското благородништво го отфрлило влијанието на Австриската империја и го добила правото да ги управува Унгарците во империјата. 27 март 1848 официјално се славел во Ужгород како ден на отфрлување на монархијата во Унгарија. Во 1872 г. била отворена првата железница со која Ужгород бил поврзан со Чоп. XX век Според пописот од 1910 г. градот имал 16919 жиели од кои: 13590 (80.3%) биле Унгарци, 1219 (7.2%) Словаци, 1151 (6.8%) Германци, 641 (3.8%) Русини and 1.6% Чеси.Atlas and Gazetteer of Historic Hungary 1914, Talma Kiadó Во исто време општинската област на градот имала 10541 (39.05%) Унгарци, 9908 (36.71%) Словаци, и 5520 (20.45%) Русини. Првата светска војна го забавила темпото на развојот на градот. На 10 септември 1919 г. Карпатската Рутенија била официјално предадена на Чехословачка. Ужгород станал административен центар на истата. За време на Чехословачка Ужгород станал архитектонски модерен град. После Мирот во Трианон од 1920 г. градот станал дел од словачката половина од новата Чехословачка држава.
После првата виенска арбитража во 1938 г. Ужгород бил предаден на Унгарија. На 27 октомври 1944 градот бил ослободен од 4-тиот украински фронт на Црвената Армија. Овој период донел значајни промени за градот. Биле отворени нови претпријатија надвор од градот, а старите биле реновирани. На 29 јуни 1945 г. Подкарпатската Украина била анексирана од СССР и станала најзападниот дел од Украинската ССР. Таа година бил отворен и УДУ (Ужгородски Национален Универзитет). Од јануари 1946 г. градот станал центар на новоформираната Закарпатска Област. Од 1991 Ужгород станал еден од 24 обласни главни градови на Украина. Ужгород е најмалиот и најзападниот обласен главен град во Украина. Во 2002, после контроверзиите, на главниот плоштад во градот била поставена биста на Томаш Гариг Масарик, прв претседател на Чехословачка. Слична биста била откриена и во 1928 г., во чест на десетгдишнита од Чехословачката независност. Истата биста била уништена кога Унгарците во 1939 г. го добиле градот.
Клима
Ужгород има морска клима, блиску на умереноконтинентална клима со свежи до ладни зими и жешки лета. Најстуден месец е јануари со просечна температура од 1.7 °C, додека најтопол месец е јули со просечна температура од 20.9 °C. Најниска температура е забележана е -28.2 °C и најтоплата температура е 38.6 °C. Просечните врнежи од дожд се 744 мм. Просечно Ужгород има 1950 сончеви часови годишно.
Демографија Според украинскиот попис од 2001 г. населението на Ужгород по националност е: Украинци (вклучувајќи Русини) (77.8%) Руси (9.6%) Унгарци (6.9%) Словаци (2.2%) Роми (1.5%) Сообраќај
Ужгород има централна железничка станица и истиот е поврзана со Чоп понатаму со Словачка и Унгарија и со Лвив понатаму со Киев. Ужгород има и меѓународен аеродром со директни летови кон Киев. Локалниот јавен превоз е по принципот “маршрутка”. Спорт Градот е дом на СК Рус Ужгород, фудбалски клуб формиран во 1925 г. Сопернички клуб му е ФК Говерла Ужгород кој дебитирал и во Украинската премиер лига 2001-02. Меѓународни односи Збратимени градови Ужгород е збратимен со: Бекешчаба, Унгарија Њиреѓихаза, Унгарија Сомбатхели, Унгарија Трогир, Хрватска Пула, Хрватска Корвалис, Орегон, САД Дармштад, Германија, од 1992 Кошице, Словачка, од 1993 Кросно, Полска, од 2008 Јарослав, Полска, од 2002 Чешка Липа, Чешка Сату Маре, Романија Таргу Муреш, Романија
Значајни личности Владимир Коман, фудбалер роден во Украина, а игра за Унгарија Јанош Ердељи, унгарски поет, критичар, автор, филозоф и етнограф Шломо Габзфрид, православен рабин и посек Јозеф Каспарек, полски правник, историчар и политички научник. Михаил Копелман, виолинист Самуел Липшиц, шахист Јожев Сабо, советски фудбалер, по националност Унгарец Авхустин Волошин, подкарпатски политичар, учител и есеист Анатоли Затин, композитор, пијанист и диригент Грегориј Заткович, прв гувернер на Карпатска Рутенија Поврзано Закарпатска Област Категорија:Ужгород
Наводи
Надворешни врски
Владино мрежно место Стари разгледници од Ужгород
Категорија:Градови во Закарпатската Област Категорија:Населени места основани во IX век Категорија:Градови од регионално значење (Украина) Категорија:Населени места основани во 9 век