Свети Кирил и Методиј или Свети ЃорѓиСпоред кажување на домаќините во манастирот, забележале Кирил Симеоновски, Тони Ристовски, Нино Богдановски и Деан Лазаревски на 08.06.2019. — манастирска црква на Лознанскиот манастир.
Историја Црквата била изградена во 1990 година.„Лознани “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Куполата содржи по една монофора на секоја од четирите страни со поголема површина. Црквата е изградена наизменично од камени и црвени тули, а покриена е со кров од ќерамиди. Влезот е сместен на западната страна и над него има две ниши, од кои првата е полулружна и содржи фреска на Свети Кирил и Методиј, додека втората над неа е кружна и содржи фреска на Богородица Марија. Северната и јужната страна од храмот содржат по една монофора. Внатрешноста на црквата е живописана, а на крајниот лев дел од иконостасот се наоѓа икона на која се прикажани Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи.
Камбанаријата на црквата е сместена во манастирскиот двор. Таа има квадратна основа со по две вертикално поставени монофори на секоја страна. Изградена е од камен и тули, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
Поврзано Лознански манастир Мучеинци Црква „Св. Атанасиј“ - Лознани Лознани Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Ивањевска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лознани Категорија:Лознански манастир Лознани Категорија:Македонската архитектура во 1990 година