Игор Стефановски-Иџе (, ) — македонски професионален рели-возач. Моментално се натпреварува во Европскиот куп на туристички автомобили (ЕКТА). Стефановски порано учествувал на Европското првенство на ридски патеки, каде трипати победил, во 2014, 2015 ,2023 година.
Во својата прва сезона во ЕКТА тој е дел од словенскиот тим ЛЕМА Рејсинг и вози автомобил СЕАТ Леон кап рејсер.
Во 2017 повторно настапува во првенството на ЕКТА, овој пат со свој тим кој го носи неговото име. Возилото е Сеат Леон TCR
Стефановски е најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки. Иџе е избран за Најдобар спортист на Македонија во 2014 година.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Игор Стефановски-Иџе
Категорија:Македонски автомобилисти Категорија:Возачи на Европскиот куп на туристички автомобили Категорија:Родени во 1982 година