Епископско Кнежевство Бамберг () — верска држава во Светото Римско Царство, основана во 1007 година, со цел проширување на христијанството во Германија. Верската држава била член на царството од околу 1245 година, додека не била припоена од Изборното Кнежевство Баварија во 1802 година.
Држава
мини|лево|Бамбершка катедрала
Епископите на Бамберг добиле титула на кнез од царот Фридрих II, пред неговото отстранување од папата Инокентиј IV во 1245 година, со што епископијата станала царска држава. Во век често била доведувана со соседната Епископија Вирцбург. Бамберг се граничел, меѓу другите, со Вирцбург на исток, со Маркгрофовијата Бранденбург-Ансбах и Слободниот Град Нирнберг на југ, со Маркгрофовијата Бранденбург-Бајројт на исток и со Војводството Саксо-Кобург на север.
Епископските кнезови, исто така, поседувале големи имоти во рамките на Војводството Корушка, вклучувајќи ги стратешки важните градови Филах (Бељак), Фелдкирхен, Волфсберг и Тарвизио (Трбиж) на меѓуалпскиот пат до Венеција, како и Кирхдорф на Кремс во Надвојводството Австрија. Хабсбуршката царица Марија Тереза ги купила овие територии во 1759 година.
Медијатизацијата од 1802-1803 година довела до укинување на сите верски кнежевства, поради што Бамберг бил припоен кон Баварија. Поранешното епископско кнежевство тогаш имало површина од 3.580 км² и население од 207.000 жители.
Историја
мини|175п|лево|Епископскиот кнез Мартин фон Ајб (1580-1583)
Од 1 ноември 1007 година натаму бил одржуван синод во градот Франкфурт на Мајна. Осум архиепископи и дваесет и седум епископи биле присутни, предводени од архиепископот Вилигиз од Мајнц, како и кралот на Римјаните, Хајнрих II Светецот. Кралот сакал да создаде нова епископија, која ќе го помогнела завршното освојување на паганството во областа околу Бамберг. Но, територијата на Вендите во горниот тек на Мајна, Визент и Ајш припаѓале на Епископијата Вирцбург од организацијата на германските епископии од Свети Бонифациј, така што ниедна нова епископија не можела да биде создадена без согласност од поседувачот на имотот. Епископот Хајнрих I од Вирцбург немал ништо против да се раздели со дел од неговата територија, особено бидејќи кралот му ветил на Вирцбург издигнување во архиепископија. Согласноста од папата Јован XVII била добиена за овој договор, но издигнувањето на Вирцбург во архиепископија се покажало неизведливо поради Вилигиз и епископот Хајнрих I првин ја повлекол својата согласност.
мини|Последниот епископски кнез, Кристоф Франц фон Бузек (1795-1802) мини|Замокот Алтенбург, резиденција на епископските кнезови на Бамберг од 1305 до 1553 година мини|Бамбершката катедрала со Стариот и Новиот дворец на епископските кнезови мини|Замокот Зехоф близу Бамберг кој служел како летна резиденција
Сепак, по неколку други отстапки, кралот Хајнрих II ја добил согласноста за основање на епископија во Бамберг од делови на епископиите Вирцбург и - подоцна - Епископија Ајхштет. Бамберг бил директно подреден на Рим. Исто така, било одлучено дека Еберхард, кралскиот канцелар, ќе биде одредуван од архиепископот Вилигиз од Мајнц, како старешина на новата погранична епископија. Новата епископија имала великодушни подароци на синодот потврдени со документи, со цел ставање на здрави темели.
Хајнрих ја сакал прославената монашка строгост и ученост на Хилдесхајм - каде и самиот учел - да биде поврзана со црквите под негова контрола, вклучувајќи ја омилената епископија во Бамберг. Следните седум епископи биле именувани од царевите, по кој изборот од катедралскиот одбор станал правило, како и во сите други германски епископски кнежевства. Наследникот на Еберхард, Зујдгер од Морслебен, станал папа во 1046 како Климент II. Бил единствен папа кој станал папа северно од Алпите во Бамбершката катедрала. Во век, епископијата постепено станувала територијално кнежевство и нејзините епископи земале секуларна власт; епископот Хајнрих I од Билферсхајм (1242-57) станал првиот епископски кнез.
Четириесеттиот епископ, Георг III од Лимбург (1505-22), бил наклонет кон реформацијата, што предизвикало насилни општествени борби под водство на неговиот наследник Вајганд (1522-56) и градот настрадал многу во Втората маркгрофовска војна (1552-54), како и за време на Триесетгодишната војна, кога бил ставен под надлежност на Бернард, новиот војвода на Франконија.
Со Вестфалскиот мир (1648), епископските кнезови ги вратиле своите поседи. Во текот на Француската револуција, Бамберг бил преземен од Французите, а со германската медијатизација во 1802-1803 година, бил припоен кон Баварија. Од 1808 до 1817 година, немало ниеден епископ; но со Баварскиот конкордат во 1817 година станал архиепископија, со Вирцбург, Шпајер и Ајхштет.
Епископи на Бамберг, 1007–1803
Еберхард I 1007-1040 Зујдгер фон Морслебен 1040-1046 (подоцна Папа Климент II) Хартвиг фон Боген 1047-1053 Адалберт од Корушка 1053-1057 Гинтер 1057-1065 Херман I фон Формбах 1065-1075 Рупрехт 1075-1102 Ото I од Мистелбах 1102-1139 Егилберт 1139-1146 Еберхард II фон Отелинген 1146-1170 Херман II фон Аурах 1170-1177 Ото II од Андекс 1177-1196 Тимо фон Лискирх 1196-1201 Конрад фон Ергерсхајм 1202-1203 Екберт од Андекс 1203-1231 Зигфрид фон Етинген 1231-1238 Попо од Андекс 1238-1242 Хајнрих I фон Билферсхајм 1242-1257 Владеслав Шлески 1257 Бертолд фон Лајнинген 1257-1285 Манголд фон Нојенбург 1285 (епископ на Вирцбург 1287-1303) Арнолд фон Золмс 1286-1296 Леополд I фон Грундлах 1296-1303 Вулфинг фон Штубенберг 1304-1318 Улрих фон Шлуселберг 1319 Конрад фон Гих 1319-1322 Јоханес фон Шлакенверт 1322-1324 Хајнрих II фон Штернберг 1324-1328 Вернто Шенк фон Рајхенек 1328-1335 Леополд II фон Еглофштајн 1335-1343 Фридрих I фон Хоенлое 1344-1352 Луполд фон Бебенбург 1353-1363 Фридрих II фон Труендинген 1363-1366 Лудвиг фон Мајсен 1366-1374 Лампрехт фон Брун 1374-1399 Албрехт фон Вертхајм 1399-1421 Фридрих III фон Аугзес 1421-1431 Антон фон Ротенхан 1431-1459 Георг I фон Шаумберг 1459-1475 Филип фон Хенеберг 1475-1487 Хајнрих III Грос фон Трокау 1487-1501 Фајт Трухзес фон Померсфелден 1501-1503 Георг Маршалк фон Ебнет 1503-1505 Георг Шенк фон Лимпург 1505-1522 Вајганг фон Редвиц 1522-1556 Георг Фукс фон Ригхајм 1556-1561 Фајт фон Вирцбург 1561-1577 Јохан Георг Цобел фон Гибелштат 1577-1580 Мартин фон Ајб 1580-1583 Ернст фон Менгерсдорф 1583-1591 Најтард фон Тинген 1591-1598 Јохан Филип фон Гебзател 1599-1609 Јохан Готфрид фон Ашхаузен 1609-1622 (епископ на Вирцбург 1617-1622) Јохан Георг Фукс фон Дорнхајм 1623-1633 Франц фон Хацфелд 1633-1642 (еписко на Вирцбург 1631-1642) Мелхиор Ото фон Фојт фон Салцбург 1642-1653 Филип Валентин Албрехт Фојт фон Ринек 1653-1672 Петер Филип фон Дернбах 1672-1683 Марквард Себастијан фон Шенк фон Штауфенберг 1683-1693 Лотар Франц фон Шенборн 1693-1729 Фридрих Карл фон Шенборн 1729-1746 (исто еписко на Вирцбург) Јохан Филип Антон фон Франкенштајн 1746-1753 Франц Конрад фон Штадион и Танхаузен 1753-1757 Адам Фридрих фон Зајнсхајм 1757-1779 (исто еписко на Вирцбург) Франц Лудвиг фон Ертал 1779-1795 (исто еписко на Вирцбург) Кристоф Франц фон Бузек 1795-1802
Покровителство
Епископските кнезови управувале со дворови со уметници, особено музичари. Меѓу нив се вбројувале Хајнрих Пфенднер, Јохан Бал, Георг Арнолд и Георг Менгел.
Поврзано Архиепископија Бамберг
Надворешни врски Карта на епископијата во 1789 г.
Бамберг Категорија:Франконски округ Категорија:Бамберг