Европското првенство во фудбал 2016 (УЕФА Евро 2016) — 15-тото Европско фудбалско првенство. Натпреварувањето се одржало од 10 јуни до 10 јули 2016 година, а домаќинот Франција бил избран на 28 мај 2010 година. На ова првенство по првпат бројот на учесници бил проширен од 16 на 24 репрезентации.
Првенството го освоила Португалија, која во финалето го победила домаќинот Франција по продолженија.
Изборот на домаќин 265px|мини|десно|Кандидати за домаќини на ЕП 2016:
Пред истекот на рокот на 9 март 2009 година за избор на домаќин на Европското првенство во фудбал 2016, кандитатура за домаќини поднеле Франција, Турција и Италија како и Норвешка и Шведска кои пријавиле заедничка кандидатура. Во декември истата година Норвешка и Шведска ја повлекле својата кандитатура.
Одлуката за домаќин на Европското првенство била донесена на 28 мај 2010.
Резултати од гласањето Држава Рунда 1. (бодови) 2. (гласови) Франција 43 7 Турција 38 6 Италија 23–Вкупно 104 13
Квалификции + Квалификациски групиГрупа АГрупа БГрупа Ц БиХГрупа ДГрупа ЕГрупа Ф Група ГГрупа ХГрупа И
Со проширувањето на 24 екипи, среднорангираните репрезентации имале поголема шанса да се квалификуваат за завршницата на Европското првенство. Дотогашниот квалификациски формат од 9 групи со по шест и пет репрезентации останал ист, а екипите се поделени по групи според коефициентот на УЕФА. Вкупно 53 репрезентации пробале да се изборат за 23-те места кој воделе во завршницата на првенството и така да му се приклучат на домаќинот Франција, која била единствената репрезентација која се пласирала директно без да игра квалификации. Репрезентацијата на Гибралтар за првпат настапила во квалификациите за Европско првенство, откако официјално во 2013 година била призната како членка на УЕФА.
Квалификациските групи биле извлечени на 23 февруари 2014 во Ница. По завршувањето на натпреварувањето по групи, првопласираните и второпласираните репрезентации од секоја група се пласирале директно на завршниот турнир, заедно со најдобрата третопласирана репрезентација (не земајќи во обѕир натпреварите со одиграни со репрезентациите кои биле на 6 место во групите), која на крајот била Турција. Останатите репрезентации кои завршиле на трето место во групите играле бараж-двобои, при што четирите победници исто така се квалификувале за првенството.
Квалификувани репрезентации
Вкупно 13 од 16 репрезентации (вклучувајќи го и домаќинот Франција) кои настапиле на првенството во 2012 успеале да се квалификуваат и за овој турнир. Меѓу нив е и Англија, која станала само шестата репрезентација со максимално остварување во квалификациите (10 победи во 10 натпревари); бранителот на титулата Шпанија; и светскиот првак Германија, која се квалификувала за своето 12-то едноподруго европско првенство. Романија, Турција, Австрија и Швајцарија се вратиле во завршницата на европските првенства откако го пропуштиле првенството во 2012, со тоа што Австријците се квалификувале само за своето второ европско првенство, после она во 2008 кога биле домаќини. Меѓу репрезентациите кој се вратиле на првенството по подолго време се вбројува Белгија, која се пласирала на Евро по првпат кога биле домаќини на првенството во 2000 и Унгарија која настапила по првпат после 44 години и првенството во 1972 и 30 години после нивниот последен настап на некое големо натпреварување (Светското првенство 1986 во Мексико).
Пет репрезентации се квалификувале на своето прво Европско првенство во фудбал: Албанија, Исланд, Северна Ирска, Словачка и Велс. Освен тоа, репрезентациите на Албанија и Исланд никогаш претходно не играле на ниту едно големо натпреварување. Исто така, Австрија и Украина по првпат успешно се квалификувале за едно ЕП, со оглед на тоа дека претходно настапувале само како домаќини во (2008 и 2012). Шкотска била единствената британска нација која не успеала да се квалификува за завршницата, а вредно за споменување е и разочарувачкото последно место во квалификациската група за шампионот од 2004 Грција. Исто така, уште два поранешни победници не се квалификувале: победникот од 1988, Холандија и шампионот од 1992, Данска; Холанѓаните не се квалификувале за првпат од првенството 1984 (исто така одржано во Франција) и само 16 месеци по освојувањето на третото место на Светското првенство 2014 во Бразил, а за Данците ова е второ пропуштено првенство во последните 32 години откако во дополнителните квалификации биле поразени од Шведска.
Екипа Начин на квалификувањеДата на квалификување Претходни првенства1 2 Како домаќин <center>28 мај 2010 (8) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) Победник во групата Е <center>5 септември 2015 (8) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012) Победник во групата А <center>6 септември 2015 (5) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012) Второпласирани во групата А <center>6 септември 2015 (0) (дебитант) Победник во групата Г <center>8 септември 2015 (1) (2008) Победник во групата Ф <center>8 октомври 2015 (0) (дебитант) Победник во групата И <center>8 октомври 2015 (6) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) Победник во групата Ц <center>9 октомври 2015 (9) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) Второпласирани во групата Е <center>9 октомври 2015 (3) (1996, 2004, 2008) Победник во групата Х <center>10 октомври 2015 (8) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) Победник во групата Б <center>10 октомври 2015 (4) (1972, 1980, 1984, 2000) Второпласирани во групата Б <center>10 октомври 2015 (0) (дебитант) Второпласирани во групата Ф <center>11 октомври 2015 (4) (1984, 1996, 2000, 2008) Второпласирани во групата И <center>11 октомври 2015 (0) (дебитант) Победник во групата Д <center>11 октомври 2015 (11) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) Второпласирани во групата Д <center>11 октомври 2015 (2) (2008, 2012) Второпласирани во групата Г <center>12 октомври 2015 (4) (1996, 2004, 2008, 2012) Второпласирани во групата Ц <center>12 октомври 2015 (0) (дебитант) Второпласирани во групата Х <center>13 октомври 2015 (4) (1996, 2004, 2008, 2012) Најдобра третопласирана екипа <center>13 октомври 2015 (3) (1996, 2000, 2008) Победник во баражот <center>15 ноември 2015 (2) (1964, 1972) Победник во баражот <center>16 ноември 2015 (2) (1988, 2012) Победник во баражот <center>17 ноември 2015 (5) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012) Победник во баражот <center>17 ноември 2015 (1) (2012) 1 Задебелениот текст го означува шампионот на тоа првенство.
2 Закосениот текст го означува домаќинот на тоа првенство.
Стадиони Во почетокот, дванаесет стадиони биле претставени во кандидатурата на Франција која е избрана на 28 мај 2010 за домаќин на Европското првенство. До мај 2011, тој број се смалил на девет. Меѓутоа, во јуни било предложено бројот на стадионите да се прошири на единаесет. Сепак, Фудбалскиот сојуз на Франција одбрал девет стадиони за одигрување на натпреварите на првенството.
Изборот за првите седум стадиони бил неприкосновен - националниот стадион во Франција, Стад де Франс, четирите новоизградени стадиони во Лил, Лион, Ница и Бордо, како и стадионите во Париз и Марсеј. Последните две преостанати места, откако Стразбур се откажал од финансиски причини, избрани биле Ленс и Нанси во првиот круг на гласање, наместо Сент-Етјен и Тулуза кои биле оставени како алтернатива.
Во јуни 2011 година, бројот на стадионите бил зголемен на единаесет поради новиот формат на турнирот кој вклучува 24 екипи, наместо дотогашните 16. Одлуката значела дека градовите резерви, Тулуза и Сент-Етјен, се придружиле на пописот градови домаќини. Меѓутоа, во декември 2011 година, градот Нанси најавил повлекување од турнирот, поради неуспешниот обид за реновирање на стадионот, што значело дека првенството ќе се игра на десет стадиони.
Стад де ла Божоар во Нант и Стад де ла Мосон во Монпелје (стадиони кој биле користени за време на Светското првенство 1998) не биле избрани. Конечниот список од десет стадиони бил потврден од извршниот комитет на УЕФА на 25 јанауари 2013 година.
Сен Дени Марсеј Лион Лил Стад де Франс Велодорм Стад де Лумиер Стад Пјер-Моруа Капацитет: 81.338 Капацитет: 67.394 (реновиран) Капацитет: 59.286 (нов стадион) Капацитет: 50.186 (нов стадион) 200px 220px 220px 150px Париз Парк на принцовите Капацитет: 47.000 (реновиран) 150px Бордо Нов стадион во Бордо Капацитет: 42.115 (нов стадион) 150px Сент-Етјен Ница Ленс Тулуза Стад Жофроа-Гишар Алијанц Ривиера Стад Болар-Делелис Стадион Мунисипал Капацитет: 41.965 (реновиран) Капацитет: 35.624 (нов стадион) Капацитет: 38.223 (реновиран) Капацитет: 33.300 (реновиран) 150px 150px 150x150px 150px
– Градот бил домаќин на Светското првенство 1938 – Градот бил домаќин на Светското првенство 1998 – Градот бил домаќин на Европското првенство 1960 – Градот бил домаќин на Европското првенство 1984 – Градот бил домаќин на ФИФА КК 2003 – Капацитетите на стадионите се приближни.
Формат на натпреварување За да се опфати проширувањето од 16 на 24 репрезентации, променет е форматот на натпреварување кој се користел на претходното првенство со додавање на уште две дополнителни групи во групната фаза на натпреварување, како и еден додатен круг во нокаут-фазата. Во шесте групи (A до Ф) се наоѓаат по четири репрезентации, со тоа што двете првопласирани од секоја група поминуваат понатаму во нокаут фазата. Исто така, ним ќе им се приклучат и четирите најдобри третопласирани селекции. Ваквиот начин на натпреварување е веќе применуван на Светските првенства 1986, 1990 и 1994 со исклучок на играње на натпревар за трето место. Ваквиот формат на натпреварување носи одигрување на вкупно 51 натпревар за разлика од претходниот турнир на кој е одигран 31 натпревар, кои се играле во период од 31 ден.
Состави
Резултати Правила на натпреварувањето Доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови по завршувањето на групната фаза на натпреварување, ќе се применуваат следниве критериуми: Поголем број на освоени бодови во одиграните натпревари измеѓу екипите кој се во прашање; Подобра гол-разлика која произлегува од одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање; Поголем број на постигнати двобои во одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање; Ако и понатаму, и после применувањето на критериумите од 1 до 3, екипите се изедначени, критериумите од 1 до 3 ќе се повторат исклучиво за натпреварите помеѓу екипите кои се во прашање како би се утврдила конечната ранг листа. Ако оваа постапка не доведе до одлука, тогаш ќе се применуваат критериумите од 5 до 9: Подобра гол-разлика вклучувајќи ги сите натпревари во групата; Поголем број постигнати голови вклучувајќи ги сите натпревари во групата; Ако само две екипи имаат ист број на бодови, а тие се изедначени според критериумите 1-6 откако ќе се сретнат во последното коло од групната фаза, нивното рангирање ќе се одреди со изведување на пенали. (Овој критериум не се користи ако повеќе од две екипи имаат ист број на бодови.) „Фер-плеј“ однесувањето (1 бод за еден жолт картон, 3 бода за црвен картон како последица на два жолти картони, 3 бода за директен црвен картон, 4 бода за жолт картон по кој следи директен црвен картон); Позиција на Ранг списокот на УЕФА.
Четирите најдобри третопласирани екипи се одредуваат според следните критериуми: Поголем број освоени бодови; Подобра гол-разлика; Поголем број на постигнати голови; „Фер-плеј“; Позиција на Ранг списокот на УЕФА.
Групна фаза Распоредот на натпреварување во групната фаза УЕФА го објавила на 25 април 2014 година. Времето на одигрување на натпреварите е прикажано по месно време, CEST (UTC+2). Победниците на групите, второпласираните екипи и четирите најдобри третопласирани екипи ќе обезбедат учество во нокаут-фазата на турнирот.
Група A
Репрезентација1.7 3 2 1 0 4 1 +32.5 3 1 2 0 2 1 +13.3 3 1 0 2 1 3 -2 4.1 3 0 1 2 2 4 -2
Група Б
Репрезентација1.6 3 2 0 1 6 3 +32.5 3 1 2 0 3 2 +13.4 3 1 1 1 3 3 04.1 3 0 1 2 2 6 -4
Група Ц
Репрезентација1.7 3 2 1 0 3 0 +32.7 3 2 1 0 2 0 +23.3 3 1 0 2 2 2 04.0 3 0 0 3 0 5 -5
Група Д