Свети Никола (наречена уште и Горна црква) — главната црква во селото Вевчани, а воедно и парохиски храм на Вевчанската парохија.
Историја
Изградбата или можеби обновата на оваа црква започнала во 1834 година. Градбата на црквата била завршена во 1864 година.
Архитектура 155п|мини|лево|Апсидата на црквата. Црквата претставува трикорабна базилика со олтар, лаѓа и балкон. Црквата е долга 18, а широка 12,5 метри.
Изградена е со рамен под, што во тоа време не било дозволено од османлиските власти. Црквата е градена од рачно делкан камен, а влезната врата е ѕидана со калај. Над неа, како и над другите отвори, во каменот се врежани библиски симболи. Каменот бил ваден од Мајдан, во планината над Вевчани, а бил носен со волови.
Фрескоживопис 155п|мини|лево|Фреска од Аврам Дичов. Зографисувањето е дело на Аврам Дичов, најстариот син на Дичо Зограф, а се работело во истовреме за да заврши во 1879 година. Црквата со импозантни димензии, градена со фантазија и богато зографисана, е еден од најубавите преродбенски споменици во Македонија.
Иконостас
Иконите во црквата се изработени од Дичо Зограф од село Тресонче. Овој истакнат мијачки зограф во овој свет храм оставил вредни дела. Првата негова икона за црквата најверојатно е изработена во 1849 година. Од раката на Дичо се изработени и престолните икони во 1876 година, која што се смета и за година на осветување на црквата.
Галерија
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Вевчанска парохија Вевчани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вевчани Вевчани Категорија:Дела на Дебарската школа