right|Местоположба на Сибирскиот федерален округ во рамките на Русија
Сибирски федерален округ (руски: Сибирский федеральный округ) е еден од осумте федерални окрузи на Русија. Овој е средиште на три азиски окрузи. Населението брои 20,062,938 жители по попис од 2002, а округот зафаќа површина од 5,114,800 км2. Моментален полномошен претставник на претседателот е Анатолиј Квашнин.
Оваа единица не е исто што и Сибир, во чии рамки спаѓа цела азиска Русија освен деловите крај Тихиот Океан.
Ова е списокот на федералните субјекти во рамките на Сибирскиот федерален округ. (Републиките се означени со ѕвездичка).
<table> 1. Алтајска република* 2. Алтајски крај 3. Бурјатија* 4. Читинска област 4a. Агински Бурјатски автономен округ 5. Иркутска област 5a. Уст-Ордински Бурјатски автомомен округ 6. Хакасија* 7. Кмеровска област 8. Краснојарски крај 8a. Евенкиски автомомен округ 8b. Тајмирски автомомен округ 9. Новосибирска област 10. Омска област 11. Томска област 12. Тува* Поделба на Сибирскиот федерален округ </tr> </table>
Најголеми градови Новосибирск 1,405,569 (попис од 2005) Омск 1,142,773 Краснојарск 917,195 Барнаул 631,221 Иркутск 582,547 Новокузнетск 563,257 Кемерово 522,641 Томск 487,357 Улан Уде 352,623 Чита 308,492 Братск 256,552
Надворешни врски Информации Слики од Сибирскиот федерален округ
Категорија:Федерални окрузи во Русија
Категорија:Држави и територии настанати во 2000 година