right|Местоположбата на Северозападниот федерален округ во рамките на Русија

Северозападен федерален округ (руски: Северо-Западный федеральный округ) е еден од осумте федерални окрузи на Русија. Се состои од северниот дел на европска Русија. Населението брои 13,974,466 жители по пописот од 2002, а површината 1,677,900 км2. Моменталниот полномошен претставник на претседателот е Иљја Клебанов.

Составните делови со републики (кои уживаат голема автономија) се обележани со ѕвездичка:

Архангелска област Ненецки автономен округ Калининградска Област (копнено неповрзана со остатокот од Русија - ексклава) Карелија* Коми* Ленинградска област Мурманска област Новгородска област Псковска област Федерален град Санкт Петербург Вологдска област

Надворешни врски Портал: Федрален катастерски Центар на Русија -- Административни карти на Русија (легенди на руски) Информации

Категорија:Федерални окрузи во Русија Категорија:Држави и територии настанати во 2000 година