Историја Факултетот за биотехнички науки (ФБН) е јавна државнависокообразовна и научна установа од областа на биотехничките науки. Овој факултет е единствениот од ваков вид на високообразовни установи во Р Македонија со свои карактеристични студиски програми. Од 1999/2000 г.Вишата земјоделска школа,согласно решението за работа од страна на Министерството за образование (бр.12-2920/2-1999) прерасна во Факултет за биотехнички науки.Во текот на десетгодишното постоење, овој Факултет има оспособено прилично голем број на образован кадар, инженери (bachelor) и магистри (master) кои со своето знаење и стручност се вклученивопрехранбениот сектор. Формално,Факултетот за биотехнички науки во Битола, е повисока развојна фаза на Вишата земјоделска школа која своите почетоци ги има од 1960 година.Отворањето на високообразовна Научна установа од ваков карактер значеше и пополнување на повеќедецениската празнина во високообразовниот систем за биотехнички науки и образовање на кадри од областа на прехранбената индустрија. Организацијата на високообразовната дејност на Факултетот се остварува прекуорганизирање разни видови и степени на високото образование:додипломски, постдипломски студии и стекнување научен степен доктор на науки како и прекуфундаментални, развојни и применети истражувања, изведување на комплексни научно-истражувачки проекти од поширок интерес за општествените дејности; курсеви, семинари, со кое се прошируваат и стекнуваат нови знаења и се усовршува кадарот.
Организација
Кадар
Декан Проф.д-р Љупче Кочоски
Професори Проф.д-р Трајан Дојчиновски Проф.д-р Димче Китановски Проф.д-р Живко Јанкулоски Проф.д-р Стевче Пресилски Проф.д-р Митре Стојановски Проф.д-р Вангелица Јовановска Проф.д-р Џулијана Томовска
Доценти Доц.д-р Гордана Димитријовска Доц.д-р Мила Арапческа Доц.д-р Катерија Бојковска Доц.д-р Елена Јошевска Доц.д-р Николче Јанкулоски Доц.д-р Дијана Блажековиќ Димовска Доц.д-р Весна Карапетковска Христова
Н.С Д-р Горан Михајловски
Асистенти М-р Билјана Трајковска М-р Борче Макаријоски
Студиски програми Прв Циклус Квалитет и безбедност на храна Преработка на анимални производи Агроменаџмент Фармерско производство Менаџмент во биотехниката
Втор циклус Квалитет и безбедност на храна од животниско потекло Преработка на анимални производи Менаџмент во биотехниката Фармерство и агробизнис Фармерство и агробизнис Фармерско производство Фармерско производство - специјалистички студии Трет циклус Технологија и безбедност на прехранбени производи