Албрехт III (, роден во во - починал во ) — владетел од династијата Аскани како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1419 до 1422 година.
Биографија
Тој бил син на Венцел I и на Сесилија. Во 1419 година го презел управувањето на Саксонија-Витенберг по труењето неговиот брат Рудолф III.
Кога стапил на должност, неговата земја се соочувала со финансиски проблеми поради водените војни. Поради тоа, тој во својот дворец немал послужувачи и живеел сиромашен живот поради кое е познат и како „Албрехт Бедниот“. На третата година од своето управување починал во Витенберг неколку дена по пожарот на селската куќа. Неговата сопруга успеала да се спаси.
Албрехт III бил погребан во францисканската капела на Витенберг. Така завршило управувањето на династијата Аскани со Саксонија-Витенберг.
Во 1423 година тој бил наследен од Фридрих I од династијата Витини.
Семејство
Тој се оженил на 14 јануари 1420 година за Еуфемија, но од овој брак не се родиле деца.
Надворешни врски genealogie-mittelalter.de
Категорија:Изборни кнезови на Саксонија Категорија:Војводи на Саксонија-Витенберг Категорија:Аскани Категорија:Починати во 1422 година