Телескоп СОАР (англ. Southern Astrophysical Research Telescope) – модерен телескоп со пречник на огледалото од 4,1 метар кој работи во спектарот на видливата и инфрацрвената светлина. Сместен е во Серо Пачон во Чиле. Управуван е од конзорциум во кој учествуваат Бразил, универзитетот од Мичиген, Нациолната оптичка опсерваторија на САД и универзитетот од Северна Каролина.

Подготовките на локацијата почнале во септември 1998 година. Договорот меѓу партнерите бил потпишан во јануари 1999 година. Огледалата биле инсталирани во февруари 2004 година, а пуштањето било на 17 април 2004 година.

Наводи

Надворешни врски SOAR : Официјално мрежно место на опсерваторијата ; SOAR : мрежно место на Универзитетот Мичиген .

Категорија:Телескопи Категорија:Телескопи во Чиле