Занзибар (, , Zanjibār) - полуавтономна сојузна единица на Танзанија. Единицата е составена од Занзибарскиот Архипелаг, кој пак се наоѓа во Источна Африка, поточно во Индискиот Океан. Архипелагот е оддалечен 25 до 50 километри од копното на Танзанија (Тангањика). Самиот архипелаг е составен од бројни мали острови, меѓу кои најголеми се Унгуџа (главен остров, неофицијално се именува како Занзибар) и Пемба. Главниот град на оваа полуавтономна единица е Занзибар, кој се наоѓа на островот Унгуџа.
Главните стопански гранки на Занзибар се производството на зачини, рафија и туризмот. Меѓу бројните зачини, главни се биберот, цимет, индиски орев и каранфилче.
Занзибар како тема во уметноста и во популарната култура „Занзибар или последната причина“ — книга на Алфред Андерш. „Занзибар“ (Zanzibar) — песна на австралиската рок-група „Худу гурус“ (Hoodoo Gurus) од 1984 година.YouTube, Hoodoo Gurus (1984) Stoneage Romeos (пристапено на 15.12.2017)
Галерија
Поврзано Танзанија
Наводи
Надворешни врски
Временска прогноза за Занзибар Влада на Занзибар Претседател на Занзибар
* Категорија:Поранешни колонии на Португалија Категорија:Држави и територии настанати во 1963 година Категорија:Поранешни султанати