Парадоксите на Зенон се философски проблеми за кои се смета дека ги осмислил грчкиот философ Зенон од Елеја (490-430 п.н.е.) за поддршка на доктрината на Парменид дека движењето не е ништо друго освен илузија.
Парадоксите на Зенон ги збунуваат и ги инспирираат филозофите, математичарите, физичарите повеќе од две илјади години. Најпознати се таканаречените „аргументи против движењето“, опишани во делото „Физика“ на Аристотел.
Парадокси на движењето
Ахил и желката мини|Растојание наспроти време, под претпоставка дека желка трча со половина од брзината на Ахил лево|мини|Ахил и желката
Замислете дека Ахил се трка со желка. Ахил трча 10 пати побрзо од желката, но тргнува од точката A, 100 метри зад желката која се наоѓа во точката (бидејќи е побавна, на желката ѝ е дадена предност). За да ја престигне желката, Ахил мора прво да стигне до точката Но, кога Ахил ќе стигне во точката желката веќе поминала 10 метри и стигнала до точката Сега Ахил треба да истрча до точката но како и претходно, додека тој помине 10 метри, желката ќе помине еден метар и таа ќе биде во точката Постапката продолжува индуктивно, па желката секогаш ќе има предност пред Ахил, без разлика на тоа колку е мала таа предност. Според ова, Ахил никогаш не може да ја стигне желката., matchforum.org
A-----------------------------------------------
Парадокс на дихотомија мини|Дихотомија
Замислете предмет што треба да стигне од точката до точката За да стигне до точката предметот прво мора да стигне до точката која е на средина меѓу точките и Но, пред да стигне до точката предметот мора да стигне до точката која се наоѓа на половина пат меѓу точките и итн. Така, за кој било природен број пред да стигне предметот до точката тој мора прво да стигне до точката , која е на половина пат од точките и . Според сето ова, движењето никогаш не може ни да започне.
Парадокс на стрелата мини|Стрелата
Замислете дека една стрела постојано лета нанапред во текот на одреден временски интервал. За време на секој момент од тој временски интервал, невозможно е стрелата да се движи, бидејќи моментот има траење 0, а стрелата не може да биде на две места во исто време. Според тоа, во секој момент стрелата е неподвижна, што значи стрелата е неподвижна во целиот временски интервал.
Наводи
Категорија:Математички парадокси Категорија:Парадокси