Ирина Натановна Прес (10 март 1939 – 21 февруари 2004) — советска атлетичарка која се натпреварувала на Летните олимписки игри во 1960 и 1964 година. Во 1960 година таа освоила златен медал во дисциплината 80 метри со пречки со резултат од 10.8 секунди и го освоила четвртото место заедно со советскиот тим во штафетната трка на 4 × 100 метри. Во 1964 година таа го освоила четвртото место на 80 метри со пречки и шестото во фрлање ѓуле, но го освоила златниот медал во новововедената дисциплина седмобој.Irina Press . sports-reference.com
Заедно со нејзината постара сестра Тамара, Ирина поставила 26 светски рекорди меѓу 1959 и 1966 година.Tamara PRESS – U.S.S.R. – 1960 and 1964 Olympic Shot Put champion. Sporting Heroes Кариерите на сестрите Прес завршиле одеднаш во време кога била воведена половата верификација. Критичарите претпоставувале дека сестите Прес се мажи или хермафродити. Друга претпоставка е дека тие се вшприцувале со машки хормони со цел да бидат посилни. Тие често биле нарекувни "браќата Прес".
По повлекувањето, Прес дипломирала физичко образование и била тренер во својот клуб Динамо Москва. Од 2000 година до нејзината смрт во 2004 година таа била на чело на Московскиот комитет за физичка култура и спортови.
Наводи
Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Починати во 2004 година Категорија:Советски атлетичари Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за СССР Категорија:Луѓе од Харков Категорија:Советски Евреи Категорија:Украински Евреи Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Починати во Москва