ФК Монако е професионален фудбалски клуб од Монако. Се натпреварува во француската Лига 1, највисокото ниво на францускиот фудбал.

Клубот е основан во 1924 година, а во 1948 станал професионален фудбалски клуб. Иако седиштето на клубот е во Монако, тој се приклучил на францускиот лигашки систем набргу по основањето во 1924 година играјќи најпрво во регионалните лиги. Денес Монако е еден од најуспешните клубови во Франција, со седум лигашки титули и пет трофеи во Купот на Франција. Исто така клубот има и забележителни резултати во европските натпреварувања каде бил финалист во Лигата на шампионите во 2004 година (поразен од Порто) и финалист во Купот на победниците на куповите во 1992 година (поразен од Вердер Бремен).

Традиционалните бои на дресовите на Монако се црвената и белата, па оттаму доаѓа и прекарот на клубот Les Rouges et Blancs (црвено-белите). Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Луј II сместен во Фонтвил, кој е со капацитет од 18,523 седечки места. Во декември 2011, две третини од акциите на клубот биле продадени на рускиот билјардер Дмитри Риболовлев, кој со совојата финансиска поддршка му помогнал на клубот брзо да се врати во Лига 1.

Титули Домашни Лига 1 : 7 1960-1961, 1962-1963, 1977-1978, 1981-1982, 1987-1988, 1996-1997, 1999-2000

Вицешампиони (6) : 1963-1964, 1983-1984, 1990-1991, 1991-1992, 2002-2003, 2013-2014

Куп на Франција : 5 1959-1960, 1962-1963, 1979-1980, 1984-1985, 1990-1991

Вицешампиони (5) : 1973-1974, 1983-1984, 1988-1989, 1991-1992, 2009-2010

Лига куп на Франција : 1 2002-2003

Вицешампиони (1) : 2000-2001

Суперкуп на Франција : 4 1961, 1985, 1997, 2000

Вицешампиони (1) : 1960

20px|УЕФА Европски Лига на шампиони : Вицешампиони (1) : 2003-2004

Куп на победниците на куповите Вицешампиони (1) : 1991-1992

Играчи Моментален состав Од 30 јули 2016.

Статистика Учества во првенства Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1° Дивизион 1 43 1953-1954 2001-2002 54 Лига 1 12 2002-2003 2015-2016 2° Дивизион 2 9 1948-1949 1976-1977 11 Лига 2 2 2011-2012 2012-2013

Наводи

Надворешни врски Официјална страна на ФК Монако ASM Foot - Formation

Монако