Хистаминот е органско азотно соединение вклучено во локалниот имун одговор како и во регулација на физиолошките функции во цревата и делува како невротрансмитер. Хистаминот е вклучен во инфламаторниот одговор и има централна улога како медијатор при прурит. Како дел од имуниот одговор кон патогените, хистаминот се создава во базофилите и маст клетките кои ги има во околните сврзни ткива.
Синтеза Хистаминот во организмот се добива со декарбоксилација на аминокиселината хистидин, реакција катализирана од ензимот L-хистидин декарбоксилаза.
Наводи
Категорија:Имунолошки систем Категорија:Невротрансмитери Категорија:Амини Категорија:Биогени амини