Американски лав (Panthera leo atrox) — еден од најпознатите исчезнати лавови кои некогаш постоел. Американскиот лав живеел на територијата на денешна Северна Америка во времето на плеистоценот (1,8 милиони - 11 000 г.пр.н.е. ). Овој подвид е тесно поврзан со Евроазискиот пештерен лав. Американскиот лав е еден од најголемите видови мачки, кои некогаш постоеле.
Овој вид на лав живеел до крајот на Ледено доба во Америка, на територијата на денешен САД, од Алјаска до Перу. Должината на телото се претпоставува дека била од 1,6 до 2,5 метри, висината до 130 см. Овие лавови биле 25% покрупни од денешните африкански лавови, но не биле поголеми од Пештерните лавови, кои денес исто така се исчезнати. Американскиот лав имал тежина од 360 до 500 килограми. Гривната му била посветла и помала од африканскиот лав. Во некои делови, овој лав живеел во ладни климатски услови. Тој веројатно користел пештери како засолниште од студеното време. Американските лавови живееле во отворените рамници и најверојатно се хранеле со американски бизони, елени, северноамерикански коњи (моментално исчезнати), мамути, како и други големи тревопасни животни.
Литература Кристиансен P, Харис JM (2005 г.) Орган, размера на Smilodon (Mammalia: Felidae). J Morphol 266: 369–384 J Morphol 266: 369-384 Соркин, Б. 2008 г.: "Биомеханични ограничения за телесна маса в сухоземните бозайници, хищници" 333-347. Lethaia, 41, п Merriam, JC & наличност, В. 1932: В Felidae на Rancho La Brea. Carnegie Institution of Washington Publications 442, 1–231. Карнеги институт във Вашингтон публикации 442, 1-231. Barnett, Ross et al. (2009): Phylogeography of lions (Panthera leo ssp.) reveals three distinct taxa and a late Pleistocene reduction in genetic diversity. Mol. Ecol. Vol.18, p. 1668-1677.
Наводи
Категорија:Праисториски мачки