Фабио Енрике Таварес (роден на 23 октомври 1993 година во Кампинас), попознат како Фабињо — бразилски фудбалер играч од одбраната или од средниот ред на Ливерпул и на бразилската репрезентација.

Клупска кариера Почетоци и Рио Аве Тој ја започнал својата фудбалска кариера во 2006 година, носејќи го дресот на Паулиниа. Во 2010 година отишол во Флуминенсе, каде игра во младинските категории. На 20 мај 2012 бил повикан од страна на тренерот на првиот тим да учествува во натпреварот против Коринтијанс во кој неговиот клуб победил со 1-0, меѓутоа Фабињо останал неискористена замена. Во јуни 2012 година го напуштил Флуминенсе без ниту еден официјален настап за првиот тим и потпишал шестгодишен договор со португалскиот Рио Аве.

Реал Мадрид Само еден месец подоцна, Фабињо му се приклучил на Реал Мадрдид Кастиља на заем до крајот на сезоната.Real Madrid sign Fabinho on loan Тој го направил своето професионално деби на 17 август, во натпревар од првото коло на Сегунда дивизион, играјќи 90 минути во поразот со 2-1 од Вилјареал. На 28 април 2013 година, тој го постигна својот прв гол во професионалната кариера, стрелајќи со глава за изедначување во судиското продолжение против Нумансија поставувајќи го конечниот резултат на натпреварот 3-3.

Тој го направил своето деби за првиот тим на Реал Мадрид на 8 мај 2013 година, играјќи 14 минути откако се појавил како резерва на местото на Фабио Коентрао и асистирал за шестиот гол кој го постигнал Анхел Ди Марија во победата со 6-2 над Малага на Сантјаго Бернабеу во Примера Дивисион.

Монако thumb|left|150px|Фабињо во дресот на Монако. На 19 јули 2013 година, Фабињо му се приклучил на Монако со договор за заем до крајот на сезоната. Тој го направил своето деби на 10 август на отворањето на сезоната во Лига 1 играјќи го целиот натпревар во победата со 2-0 над Бордо на Стад Шабан-Делма. Својот прв погодок за Монако го постигнал на 26 март 2014 во победата со 6-0 над Ленс во четвртфиналето од Купот на Франција. Својата прва сезона во црвено-белиот дрес ја завршил со вкупно 31 настап во сите конкуренции и еден постигнат гол, помагајќи му на клубот да го освои второто место во првенството и на тој начин да се пласира во Лига на шампионите за наредната сезона за првпат по речиси една деценија и да дојде до полуфиналето на купот каде загубил од Генгамп со 3-1 по продолженија.

По завршувањето на неговиот едногодишен заем во Монако, тој се приклучи на клубот одново на уште една година договор за заем на 2 јули 2014 година. На 16 септември 2014 дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 1-0 над Баер Леверкузен во групната фаза, а на 9 декември го постигнал својот прв гол во ова натпреварување во победата со 2-0 над Зенит Санкт Петербург, помагајќи му на својот клуб да го завери пласманот во осминафиналето. На 22 март 2015 Фабињо го постигнал својот прв погодок за Монако во Лига 1 во победата со 3-1 на гостувањето кај Рем.Reims - Monaco 1-3 us.soccerway.com Својата втора сезона повторно ја завршува без освоен трофеј откако Монако завршил на третото место во првенството, меѓутоа клубот имал мошне успешна сезона во Лигата на шампионите каде што стигнале до четвртфиналето каде биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Јувентус; Фабињо одиграл 53 натпревари во сите конкуренции и постигнал два гола.

По две сезони на заем, на 19 мај 2015 Фабињо потпишал перманентен договор со Монако во трајност до 2019 година. Фабињо бил еден од клучните играчи на Монако за време на сезоната 2016-2017 во која клубот станал шампион во Лига 1, прекинувајќи ја низата од неколку последователни титули во првенството на . Тој одиграл 37 натпревари во лигата и постигнал 9 гола, како само напаѓачите Радамел Фалкао, Килијан Мбапе и Валери Жермен имале повеќе од него. Тој исто така постигнал 3 гола во Лигата на шампионите, меѓу кои бил и голот на домашен терен против Манчестер Сити во четвртфиналето, во победата со 3-1 која на црвено-белите им донела пласман во полуфиналето на натпреварувањето во кое биле елиминирани повторно од Јувентус како и две години претходно.

Сезоната 2017-2018, била последната за Фабињо во кнежевството, а својот последен настап за Монако го имал на 19 мај 2018, во победата со 3-0 на гостувањето кај Троја.

Вкупно во дресот на Монако тој одиграл 233 натпревари и постигнал 31 гол.

Ливерпул На 28 мај 2018, Фабињо потпишал повеќегодишен договор со Ливерпул во трансфер вреден 39 милиони фунти. Дебитирал за црвените влегувајќи како замена во судиското продолжение на местото на Садио Мане, во победата со 3-2 во Лигата на шампионите над Париз Сен Жермен на Анфилд. Своето деби во Премиер лигата го направил во победата со 1–0 кај Хадерсфилд Таун на 20 октомври, влегувајќи во игра во последните 21-на минути на местото на Адам Лалана.

Репрезентативна кариера Фабињо дебитирал за сениорската репрезентација на Бразил на 7 јуни 2015, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Данило во победата со 2-0 над Мексико во склоп на подготовките за Копа Америка 2015 во Чиле. Тој бил повикан од страна на селекторот Дунга за самиот турнир, меѓутоа имајќи го Дани Алвес за конкуренција на позицијата десен бек Фабињо не одиграл ниту една минута, а Бразил бил елиминиран во четвртфиналето.

Следното лето Фабињо бил повикан помеѓу 23-цата играчи кој учествувале на Копа Америка Сентенарио, но и таму не забележал ниту еден настап во трите натпревари на Бразил.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 3 септември 2016

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2012-2013 РМ Кастиља СД 30 2 - - - - - - - - - 30 2мај 2013 Реал Мадрид ПД 1 0 КШ - - ЛШ - - - - - 1 02013-2014 Монако Л1 26 0 КФ+ЛКФ 4+1 1+0 - - - - - - 31 12014-2015 Л1 36 1 КФ+ЛКФ 4+3 0 ЛШ 10 1 - - - 53 22015-2016 Л1 34 6 КФ+ЛКФ 3+1 2+0 ЛШ+ЛЕ 4+5 0 - - - 47 82016-2017 Л1 2 2 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 ЛШ 0 0 - - - 2 2Вкупно Монако 98 9 16 3 19 1 - - 133 13Вкупно во кариерата 129 11 16 3 19 1 - - 164 15

Наводи

Надворешни врски

Фабињо на soccerway Фабињо на transfermarkt Фабињо на goal.com Фабињо на espn Фабињо на whoscored

Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026