Хауда (напишано на ) — град и седиште на истоимената општина во покраината Јужна Холандија, западна Холандија. Градот е познат по истоименото сирење, стропвафел, многуте канали, лулињата и по своето Градско собрание од век. Мноштвото историски цркви во Хауда и други стари градби го прават омилено одредиште за посета на еден ден во Холандија.

Во средниот век била основана населба на местото на моменталниот град од семејството Фан дер Хауде, кое изградило утврден замок долж бреговите на реката Хауве, од каде потекнува името на семејството и на градот. Областа, првично мочуриште, се развила низ вековите. Од 1225 година, канал ја поврзува Хауве, со што градот станал пристаниште. Хауда службено ги добила своите градски права во 1272 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Холандија Категорија:Општини во Јужна Холандија Категорија:Населени места во Јужна Холандија