Фудбалската репрезентација на Мароко го претставувa Мароко на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на мароканскиот фудбалски сојуз (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Irzem n Atlasi (македонски: Лавовите од Атлас).

Репрезентацијата досега петнаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации, а победници се на турнирот во 1976. Досега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, каде тие станале првата африканска нација која успеала да ја мине групната, откако тоа им пошло од рака во 1986 година завршувајќи пред три европски репрезентации Португалија, Полска и Англија. Меѓутоа, во осминафиналето биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Западна Германија со 1-0, и тоа осминафинале останува нивниот најдобар резултат на Светските првенства до денес, иако тие биле блиску да ја минат групната фаза и на првенството во 1998 кога ги делеле само две минути од пласман понатаму, меѓутоа доцниот погодок на Кјетил Рекдал за Норвешка против Бразил ги одвел Норвежаните понатаму и го елиминирал Мароко.

Историја

Географската близина на државата до Португалија и Шпанија и нејзината склоност кон шпанската култура се одразуваат и во фудбалот, со присуство на марокански таленти во иберскoto и луситанскoto првенство. Мароко за првпат се пласирал на Светските првенства во 1970 во Мексико, каде биле елиминирни уште во првиот круг. Шест години подоцна, репрезентацијата се искачила на континенталниот престол триумфирајќи на Африканскиот куп на нации во Етиопија, освојувајќи го првото место во завршната група во која биле уште и Гвинеја, Нигерија и Египет. Меѓу најистакнатите фудбалери на Мароко од овој период се издвојува Ахмед Фарас, играчот кој и ден-денес е водечки по бројот на постигнати голови за мароканската репрезентација.

Второто учество на Мароко на Светско првенство дошло повторно во Мексико каде што тие и дебитираа, меѓутоа сега во 1986 година. Тие на општо изненадување на сите успеале да го минат, првиот круг иако се нашле во група со три силни европски репрезентации како Португалија, Англија и Полска, меѓутоа нивниот пат завршил во осминафиналето каде биле поразени од Западна Германија со 1-0 со гол во завршницата од натпреварот. Со самиот пласман во осминафиналето Мароко станал првата африканска и арапска земја која успеала да го мине првиот круг на Светските првенства.

Кон крајот на милениумот, Мароко учествувал уште на две последователни Светски првенства: најпрво во САД во 1994, а потоа и во Франција во 1998. На првенството играно во 1994 атласките тигри се нашле во група со Холандија, Саудиска Арабија и Белгија и испаднале уште во првиот круг, заземајќи го последното четврто место во групата без ниту еден освоен бод забележувајќи три минимални порази. Истата судбина - елиминација во првата фаза на натпреварување - ги снашла и четири години подоцна на првенството одржано во Франција во 1998, меѓутоа таму одиграле многу позначајна улога и само неколку минути ги делеле од пласман во осминафиналето откако во последното трето коло од групната фаза ја совладале Шкотска со убедливи 3-0 и им било потребно Бразил да не загуби од Норвешка; голот на Кјетил Рекдал од пенал во 88-мата минута од натпреварот им донел победа на скандинавците со 2-1 и пласман понатаму заедно со Бразил, а Мароко и покрај освоените 4 бода (1-1-1) бил елиминран. Во 2004 година, репрезентацијата играла во финалето на Африканскиот куп на нации каде била поразена од својот магребски соперник Тунис со 2-1.

Мароко бил избран да биде домаќин на Африканскиот куп на нации 2015, меѓутоа владата на Мароко побарала одложување на турнирот заради епидемијата од ебола во западна Африка. Откако случајот бил разгледуван на состанокот на Извршниот комитет, КАФ одлучил датумот за почеток на првенството да остане исти, по што Мароко се откажал од организацијата на турнирот. На 5 февруари 2015 година, Извршниот комитет на КАФ одлучил да ја суспендира Фудбалската репрезентација на Мароко од следните две изданија на Африканскиот куп на нации во 2017 и 2019 година, и да му се додели на Фудбалскиот сојуз на Мароко парична казна од 1 милиони американски долари, заедно со сума од 8.05 милиони евра во надомест за сите материјални штети кој ги претрпел КАФ, заинтересираните страни и партнери, како резултат на одлуката да не се биде домаќин на изданието во 2015 година. Сепак, забраната била поништена од страна на Арбитражниот суд за спорт, што значи дека Мароко може да учествува на овие турнири..

Соперништва Репрезентацијата има историско соперништво со останатите Магребски земји: Алжир, Тунис и Египет.

Титули Африкански куп на нации Победник (1): 1976 Вицешампион (1): 2004 Трето место (1): 1980 Арапски куп на нации Шампиони (1): 2012

Настапи на турнирите Настапи на Светските првенства Светско првенствоКвалификации за Светско првенство 1930Не учествувалеНе учествувале19341938 1950 1954 1958 1962Не се квалификувале722378 1966Се повлеклеСе повлекле 1970Групна фаза14.30122610442117 1974Не се квалификувале104331213 1978202022 1982832356 1986Осминафинале11.4121328521121 1990Не се квалификувале613245 1994Групна фаза23.30032510721194 1998Групна фаза18.3111556510142 2002Не се квалификувале10631113 200610550177 2010103341413 2014623198 2018Се квалификувале8430130 2022To be determinedВкупноОсминафинале5/2213247121811653412215980

Настапи на Африканскиот куп на нации Африкански куп на нацииКвалификации за Африканскиот куп на нацииГодинаФазаМесто23px|Судан 1957Не учествувалеНе учествувале 23px|Обединети Арапски Емирати 195923px|Етиопија 1962Се повлеклеСе повлекле 1963 Не се квалификувале210156 1965Не учествувалеНе учествувале23px|Етиопија 196823px|Судан 1970Не се квалификувале21011223px|Камерун 1972Групна фаза5.303033420296 23px|Египет 1974Did not enterDid not enter23px|Етиопија 1976Победници1.64201166402134 1978 Фаза по групи6.313124Се квалификувале како бранители на титулата 1980 Трето место3.521243421114523px|Либија 1982Не се квалификувале430184 1984412142 1986Четврто место4.512245211010 1988Четврто место4.513133Се квалификувале како домаќин 1990Не се квалификувале202011 1992Групна фаза9.2011126402114 1994Не се квалификувале622254 1996411224 1998Четвртфинале6.4211636420101 2000Групна фаза11.311112422064 2002Групна фаза9.311134631254 2004Финале2.64111446510100 2006Групна фаза13.30210110550177 2008Групна фаза11.310276431061 2010Не се квалификувале103341413 2012Групна фаза12.310245632182 2013Групна фаза10.303033210142 2015Се повлекле, биле диквалификувани и не учествувалеСе повлекле, биле диквалификувани и не учествувале23px|Габон 2017Четвртфинале7.4202436510101 2019To Be Determined 2021 2023Вкупно1 титула15/3057192216665410656272316477

Играчи Моментален состав Следниве 23 играчи се повикани за Африканскиот куп на нации 2015 и подготовките за нив.

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"

Играчки рекорди

+Список на играчи со најмногу настапи#ИграчКариераНастапиГолови1Абделмаџид Долми1971–198814082Алал Бенкасу1964–197211603Нуредин Најбет1990–200611544Хусин Харја2003–201578125Ахмед Фарас1965–19797742Јусеф Сафри1993–2003778

+Список на играчи со најмногу постигнати голови#ИграчКариераГоловиНастапиГолови по натпревар1Ахмед Фарас1965–197942770.82Салахедин Басир1994–200227590.63Абделџалил Хада1995–200219480.434Маруан Шамах2003–201418650.315Јусеф Хаџи2003–201216640.276Јусеф Ел-Араби2010-15360.777Хусин Харја2003–201512780.18

Селектори Source: Селектор Име Држава Години како селектор Освоени трофеи Ларби Бен Барек 1957 Мохамд Хамири 1959 Абделкадир Лохмири 1959 Ларби Бен Барек 1960 Кадер Фиру 1961 Мохамед Масун 1961–1963 Мохаме Масун & Абдерахман Маџуб 1963–1967 Абдерахман Маџуб 1967 Ги Клозо & Абделах Сетати , 1968–1969 Абделах Сетати 1969 Благоја Видиниќ 1970 Хосе Баринга 1971–1972 Абделах Сетати 1972 Абдерахман Маџуб 1972–1973 Виргил Мардареску 1974–1978 Африкански куп на нации 1976 Абделах Ел-Амари 1978 Ги Клозо 1979 Жист Фонтејн 1979–1980 Џебран & Јабрам Хамидуш 1980 Јабрам Хамидуш 1981 Абделах Ел-Амари 1982 Хаиме Валенте 1983 Мехди Фарија 1983–1988 Хаиме Валенте 1988–1989 Антонио Валентин 1989–1990 Абделах Блинда 1990 Абделгани Ел-Насири 1990 Вернер Олк 1990–1992 Абделхалек Лузани 1992 Абделах Блинда 1993–1994 Мохамед Лемари 1994 Жилсон Нуњеш 1995 Анри Мишел 1995–2000 Хенрик Касперчак 2000 Мустафа Мадих (caretaker) 2000 Умберто Коелјо 2000–2002 Баду Езаки 2002–2005 Филип Трусије 2005 Мохамед Факир 2006–2007 Анри Мичел 2007–2008 Фати Џемал 2008 Роже Лемер 2008–2009 Хасан Мумен (caretaker) 2009–2010 Ерик Геретс 2010–2012 2012 Arab Nations Cup Рашид Таузи 2012–2013 Хасан Бенабича (caretaker) 2013-2014 Баду Езакиhttp://www.bbc.co.uk/sport/0/football/27252927 2014–2015 Ерве Ренарhttp://www.bbc.com/sport/football/35586217 2016–present

Дресови и произведувачи на опрема Дресови Principaux maillots utilisés par l'équipe du Maroc

Произведувачи на опрема Произведувач на опрема Период Adidas 1982-1993 Lotto 1994-1995 Umbro 1995 Lotto 1995-1997 Puma 1998–2001 Nike 2002–2006 Puma 2007–2011 Adidas 2012–present

Надворешни врски Official website of Morocco's FA RSSSF archive of results

Наводи

Мароко Категорија:Фудбал во Мароко