Делфт () — град и општина во Холандија. Се наоѓа во покраината Јужна Холандија, северно од Ротердам и јужно од Хаг.
Делфт е познат по својот стар град со канали, производството на порцелан, Делфтскиот технички универзитет, сликарот Јоханес Вермер и научникот Антони ван Левенхук и поврзаноста со кралската оранска династија.
Историја
Делфт настанал како населба на вештачки канал, по што го добил името (Delf, од Delven: „копање“). Грофот Вилем II му ги дал на Делфт сите градски права на 15 април 1246 година. Трговијата, занаетчиството и производството на пиво понатаму значително се развиле. Во 1389 година бил ископан канал со што градот бил поврзан со реката Мас, а со тоа и со Северното Море.
Сè до век Делфт бил еден од најголемите градови во Холандија. Околу 1400 година Делфт имал околу 6.500 жители и бил трет град во Холандија, после Дордрехт (8.000) и Харлем (7.000).
Принцот Вилем Орански имал резиденција во Делфт, и тука загинал во атентат на 10 јули 1584 година. Погребан е во градската катедрала, а со тоа е започната традицијата на погребување на членовите на Оранската династија во Делфт.
Во експлозија на барут во 1654 година уништен е голем дел од градот и притоа загинале околу стотина граѓани.
Градот своето трговско значење го изгубил кон крајот на век во корист на Хаг и Ротердам.
Денес, Делфт е туристичко одредиште со сочувани историски зданија.
Население
По податоците од 2014 година, во градот живееле 99.737 жители.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Градови во Холандија Категорија:Општини во Јужна Холандија Категорија:Населени места во Јужна Холандија