Илија Плавев (Велес, 1867 - Белград, 1940) − македонски социјалист и комунист, еден од првите социјалисти во Македонија. Бил сопруг на Роса Плавева, социјалистка и една од првите борци за женски права во Македонија.

Животопис

Уште како дете заминал на печалба прво во Солун, а потоа во Софија, каде што работел и се школувал. Во Софија им се приклучил на македонските социјалисти. Во 1902 година се враќа во Велес и станува еден од истакнатите активисти на месното работничко движење. Во 1905 година со семејството доаѓа во Скопје и станува член на раководството на социјалдемократската група. По Младотурската револуција учествувал во штрајкувачкото движење и раководи со штрајкот на скопските чевларски работници. Бил член и на Народната федеративна партија.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1163 стр.

По Првата светска војна се вклучува во обновата на скопската партиска организација и станува нејзин благајник. Бил и потпретседател на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. По донесувањето на Обзнаната е прогонуван од власта и повеќепати е затворан. Поради материјална криза, принуден е да го напушти Скопје и да се пресели во Белград. Таму умира во 1940 година.“Hronologija radničkog pokreta i SKJ 1919-1979”, “Narodna knjiga” и “Institut za savremenu istoriju”, Beograd, 1980, 1 tom, 296 str.„Имиња на улиците на Скопје“, Скопје, 1981, 111 стр.

Во негова чест, една улица во Скопје (во населбата Козле) го носи неговото име.Улица „Илија Плавев“, Скопје

Наводи

Категорија:Македонски социјалисти Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Белград