200px|мини|Кшиштоф Старнавски Кшиштоф Старнавски (; р. 1968) — полски екстремен спортист, нуркач и спелеолог. Старнавски е еден од најпознатите нуркачи-спелеолози.
Опрема за нуркање
Нурка со т.н. ребридер, затворен систем, кој наместо боци со кислород, користи мешавина на гасови, кои му овозможуваат подолго време да се задржи под вода.
Рекорд во нуркање
На 3 декември 2011 година, Кшиштоф Старнавски го срушил рекордот на Дејвид Шо во длабинско нуркање со „ребридер“. Рекордното нуркање се извело до 283 метри во Дахаб, Египет.
Старнавски во 2016 година го соборил и рекордот на италијанскиот нуркач Лујџи Казати поставен во македонската пештера Врело, со нуркање до 230 метри длабочина, поставувајќи нов рекорд на длабочина на подводната пештера.
Поврзано Врело (пештери)
Наводи
Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Полски истражувачи