Лужичките јазици (, ) — мала група словенски јазици, дел од подгрупата на западнословенски јазици. Овие јазици се мајчини јазици на Лужичките Срби, автохтоно словенско население во областа Лужица во Источна Германија. Низ историјата, јазиците биле познати како вендски јазици или лужичкосрпски јазици. Овие јазици се слични со останатите западнословенски јазици, односно со полскиот, чешкиот, словачкиот и кашупскиот.За лужичкиот јазик од Хелмут Фаска - Лајпцишки универзитет
Денес има два стандардни лужички јазици: горнолужички јазик и долнолужички јазик. Горнолужичкиот го зборуваат околу 40.000 луѓе во Саксонија, додека долнолужичкиот е зборуван од околу 10.000 луѓе во Бранденбург. Оваа област каде се зборуваат овие јазици е позната како Лужица.
Во Германија, горнолужичкиот и долнолужичкиот се признати и заштитени малцински јазици. Двата јазика во Лужица се официјални, заедно со германскиот. Центар на горнолужичкорпската култура е Бауцен. Во градот горнолужичкиот е доста застапен во секојдневната комуникација и се користи на сообраќајните знаци. Како центар на долнолужичката култура се смета Котбус. Како и во Бауцен, така и во Котбус има двојазични сообраќајни знаци.
Наводи
Поврзано Лужица Горнолужички јазик Долнолужички јазик Лужички Срби Лужички дијалекти — говорите на германското население во Лужица
Надворешни врски Лужичкосрпски јазици Информациона страница за лужичкосрпските јазици
Лужички јазици Категорија:Јазици во Германија