Покров на Пресвета Богородица — нова манастирска црква на Лешанскиот манастир. Црквата е сместена во охридското село Лешани.
Историја
Црквата била подигната од страна на отецот Вартоломеј по повод појавување на неракотворениот лик на пресветата Мајка Божја. Изградбата започнала во 2012 и завршила во 2017 година. Осветена е на 29 октомври 2017 г.
Поврзано Лешански манастир — манастир во Лешани Црква „Сите Светители“ — главна манастирска црква Црква „Св. Никола“ — градена од 1909 до 1919 година, а осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крсев од Лазарополе во 1909 година; Црква „Св. Петар“ — понова црква, сè уште неосветена; Црква „Св. Атанасиј“ — во изградба; Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — возобновена во 1979 година.
Наводи
Надворешни врски
Лешани Категорија:Лешани Категорија:Лешански манастир Категорија:Македонската архитектура во 2016 година