Вирхововата тријада (тријас) или тријадата (тријасот) на Вирхов ги опишува трите широки категории на фактори за кои се смета дека придонесуваат за настанување на тромбоза. Хиперкоагулабилност Хемодинамички промени (стаза (застој), турбуленција) Ендотелна повреда/дисфункција
Именувана е по истакнатиот германски лекар Рудолф Вирхов (1821-1902). Меѓутоа, елементите кои ја сочинуваат Вирхововата тријада ниту биле предложени од Вирхов, ниту пак тој предложил тријада за да ја опише патогенезата (начинот на настанување на болеста) на венската тромбоза. Всушност, децении по смртта на Вирхов било докажано дека тромбозата е производ на промени во крвотокот, повреда на крвосадниот ендотел, или промени во составот на крвта. Сепак, современото разбирање на факторите кои доведуваат емболија се слични на описите на Вирхов. Вирхововата тријада останува корисен концепт, како за клиничарите така и за патолозите, кој помага во разјаснувањето на факторите кои предизвикуваат тромбоза.
За тријадата Тријадата се состои од три елемента:
Вирховова Современа Забелешки Феномени на прекинат крвоток Стаза Првата категорија, нарушувања во нормалниот крвоток, се однесува на неколку ситуации. Овие вклучуваат венска стаза, долги хируршки операции, продолжена неподвижност (како на пример долги летови или возења со автомобил, лежење при хоспитализација), и варикозни вени. Феномени поврзани со иритација на крвните садови и нивната околина Ендотелна повреда или повреда во ѕидот на крвниот сад Втората категорија, повреда и/или траума на ендотелот вклучува продупчувања на крвните садови и оштетувања кои произлегуваат од хипертензија. Оваа категорија е условена од површинските феномени и од контактот со прокоагулантни површини, како на пример бактерии, остри делови од туѓи материи, биоматеријали од медицински уреди, клеточни мембрани на активирани тромбоцити, и мембрани на моноцити при хронично воспаление. Феномени на крвната коагулација Хиперкоагулабилност Последната категорија, промени во составот на крвта, носи бројни можни ризични фактори, како хипервискозност, мутација на коагулацискиот фактор V, мутација на коагулацискиот фактор II G2021A, недостаток на антитромбин III, белковина Ц или С, нефротичен синдром, промени настанати со акутна Траума или изгореници, рак, доцна бременост и породување, раса, напредната возраст, пушење цигари, хормонски контрацептивни средства и обезност. Сите овие ризични фактори можат да предизвикаат состојба наречена хиперкоагулабилност (претерано лесно засирување на крвта).
Историја Потеклото на поимот „Вирховова тријада“ е од историски интерес, и последните години претставува интензивно разработувана тема. Додека и двете тријади (онаа на Вирхов - постарата, и современата) ја опипуваат тромбозата, постарата тријада е окарактеризирана со „последиците од тромбоза“, а современата тријада со "причините за тромбоза".
Рудолф Вирхов го разјаснил потеклото на белодробниот емболизам, укажувајќи на тоа дека тромбите кои се појавуваат во вените, особено во оние на екстремитетите, се откачуваат и мигрираат во белодробните крвни садови. Овие наоди ги објавил во 1856 година. Разработувајќи ги деталите околу патофизиологијата на белодробната емболија, тој ги наведе многуте фактори за кои е познато дека придонесуваат кон венската тромбоза. Иако овие фактори веќе биле споменувани во медицинската литература,Wiseman R. Several Chirurgical Treatises. 2nd ed. London, Norton and Macock, 1686, pp. 64-66. тие, од непознати причини, на крај се именувани како Вирховова тријада. Овој епоним не произлегол во литературата до долго после смртта на Вирхов. Една проценка за првата употреба на фразата потекнува од раните 1950-ти години..
Иако концептот за тријадата вообичаено му се припишува на Вирхов, тој не ја вклучил повредата на ендотелот во своите описи. Повредата на ендотелот, како дел од тријадата, му се припишува на Жан Кривелје, кој ја сметал локалната траума како главен фактор во развојот на белодробната артериска тромбоза.Aschoff L. Thrombosis, in Lectures on Pathology. New York, Paul B. Hoeber, Inc., 1924, pp 253-278.
Наводи
Категорија:Хематологија