Гликозни транспортери — широка група мембрански белковини кои го олеснуваат транспортот на гликоза низ цитоплазматската мембрана. Бидејќи гликозата е витален извор на енергија за сиот жив свет, тие се присутни во сите колена. GLUT и SLC2A фамилиите се белковински фамилии кои се наоѓаат во повеќето клетки на цицачи. 14 GLUT белковини се кодирани од човечкиот геном. GLUT е вид на унипортен транспортер.
Синтеза на слободна гликоза Најголем број на неавтотрофни клетки се неспособни да создадат слободна гликоза поради неприкажување на гликоза-6-фосфатаза и, дополнително, се вклучени единствено во внесувањето и катаболизмот на гликоза. Обично произведена единствено во хепатоцитите, при услови на постење, другите ткива како цревата, мускулите, мозокот и бубрезите се способни да создадат гликоза, по активација на гликонеогенезата.
Транспортери на гликоза кај цицачите GLUT белковините се интегрални мембрански белковини кои содржат 12 трансмембрански завојници со амино- и карбокси- терминали изложени на цитоплазматската страна на клеточната мембрана. GLUT белковините транспортираат гликоза и слични хексози според модел на променлива конформација, што предвидува дека транспортерот изложува едно место за врзување на супстратот кон надворешноста или внатрешноста на клетката. Врзувањето на гликозата за едно место предизвикува конформациска промена поврзана со транспортот и ослободува гликоза на другата страна од мембраната. Внатрешните и надворешните места за врзување на гликозата, се чини, се наоѓаат во трансмембранските сегменти 9, 10, 11 исто така, мотивот QLS лоциран во седмиот трансмембрански сегмент би можел да биде вклучен во селекцијата и афинитетот на транспортираниот супстрат.
Видови Секоја изоформа на транспортерот игра специфична улога во метаболизмот на гликозата, определена од шаблонот на ткивно прикажување, супстратната специфичност, транспортната кинетика и регулираното прикажување при различни физиолошки услови. До денес се идентификувани 14 членови на GLUT/SLC2. Врз основа на сличностите во секвенците, семејството GLUT е поделено на три поткласи.
Откривање на котранспортот натриум-гликоза Во Август 1960, во Прага, Роберт К. Крејн за првпат го претставил своето откритие на котранспортот натриум-гликоза, како механиззм за цревна апсорпција на гликоза.Robert K. Crane, D. Miller and I. Bihler. “The restrictions on possible mechanisms of intestinal transport of sugars”. In: Membrane Transport and Metabolism. Proceedings of a Symposium held in Prague, August 22–27, 1960. Edited by A. Kleinzeller and A. Kotyk. Czech Academy of Sciences, Prague, 1961, pp. 439-449.
Поврзани Котранспорт Контранспортер
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Преносни белковини Категорија:Интегрални мембрански белковини