Гликозаминот (C6H13NO5) е амино шеќер и истакнат претходник во биохемиската синтеза на гликозилирани белковини и липиди. Гликозаминот е дел од структурата на полисахаридите хитозан и хитин, кои го градат егзоскелетот на раковите и другите членконоги, како и клеточните ѕидови на габите и многу виши организми. Гликозаминот е еден од најзастапените моносахариди.
Категорија:Хексозамини Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ