Александар Спасов (, - , ) — македонски книжевен критичар, книжевник и професор, член на МАНУ. Образование и работен век Се школувал во Велес и во Скопје, каде што дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет. Работел во „Млад борец“ (1945), „Нова Македонија“ (1946), во Средното медицинско училиште (1950), а од крајот на 1950 година тој бил во служба на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје, како асистент, доцент, вонреден и редовен професор. Предавал по предметите Македонска книжевност во XX век и Словенечка книжевност од втората половина на XVIII век до крајот на Првата светска војна. Бил продекан, шеф на катедра и прв директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура (1968 —1970). Тој бил учесник во НОБ, почнувајќи од 1941 година. Заземал разни функции во СКОЈ и СКМ. Во 1972 година е избран за дописен, а во 1976 година — за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Научна дејност и творештво Се занимавал особено со проучувања од областа на македонската книжевност во XIX и XX век, потоа, со новата словенечка книжевност и компаратистика. Повеќе од три децении делува и како книжевен критичар и есеист. Во својство на гостин-професор предавал во Минхен (1965) и Келн (1970). Предавања и кратки курсеви држел во повеќе југословенски и странски универзитети: Белград, Загреб, Сараево, Нови Сад, Задар, Берлин, Хале, Стокхолм, Упсала, Гетеборг, Лунд, Ленинград, Букурешт, Крајова, Виена, Салцбург, Инсбрук, Мериленд. Учествувал со реферати на конгреси, научни конферепции и симпозиуми во земјата и во странство: Прага, Варшава, Харвард, Бриксен (Бресаноне). Бил уредник на списанијата „Иднина“, „Разгледи“ и „Литературен збор“ (на ова списание бил главен и одговорен уредник две децении), а исто така, тој бил претседател на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на СРМ, иа АКУД „Мирче Ацев“, на „Рациновите средби“, на издавачкиот совет на „Разгледи“, секретар па Друштвото на писателите на Македонија, член на управите на Сојузот на славистите на Југославија и на Сојузот на писателите на Југославија. Објавил редица книги, антологии, избори, студии, освен на македонски и на српскохрватски, словенечки, албански, турски, англиски, француски, германски, италијански, романски и други јазици.
Награди и признанија Двоен носител е па Орденот иа трудот со златен венец (1966, 1969), добитник е на Наградата „13 Ноември“ и на повеќе повелби, плакети, споменици и благодарници.
Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Југословенски академици Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Југословенски книжевни критичари Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски уредници