Жолт Цар или Хуанг Ди (, пинјин: huángdì) — легендарен кинески владетел и културен херој кој важи за родоначалник на сиот кинески (хански) народ. Тој е еден од Тројцата возвишени и петте цареви, и според преданијата се смета дека владеел од 2698 п.н.е. до 2599 п.н.е.

Хуанг Ди го фатил суштеството Бај Це на врвот на планината Тунгванг. Овој ѕвер му ги опишал сите 11.520 видови на чудовишта, престорници, демони и духови на светот. Слугата на Хуанг Ди сето ова го илустрирал, од кои илустрации подоцна била издадена книгата „Бај Це Ту“, која за жал повеќе не постои. Хакутаку - сказна за Бај Це

Поврзано Цар на Кина Тројца владетели и пет цареви

Наводи

Надворешни врски Жолтиот Цар Хаунг Ти - Жолтиот Цар

Категорија:Историја на Кина Категорија:Кинеска митологија Категорија:Кинески цареви