Гробиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Небрегово. Претставува осамени наоди од римско време. Се наоѓа на 600 м југозападно од селото, во полуурнатата црква и напуштените гробишта, каде се наоѓаат неколку антички сполии од мермер, и тоа: дел од капак од детски саркофаг на две води и пирамидално парче на чии страни релјефно е претставен сот од пчели.

Поврзано Дрениче — населба од доцноантичко време; Латинска Црква — црква и некропола од старохристијанско време; Лечиште — населба од неолитско време; Манастириште — населба од доцноантичко време; Орман — кастел од римско време; Селска Црква — осамен наод од римско време; Небрегово; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Небрегово