Лечиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Небрегово. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 2 км западно од селото, а северно од патот за селото Дупјачани. По површината има фрагменти од керамички садови со сива и црвеникава боја и орудија од камен и кремен.
Поврзано Дрениче — населба од доцноантичко време; Орман — кастел од римско време; Латинска Црква — црква и некропола од старохристијанско време; Манастириште — населба од доцноантичко време; Селска Црква — осамен наод од римско време; Гробиште — осамени наоди од римско време; Небрегово; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Небрегово