Сируш е суштество насликано на реконстрираната Порта на Иштар од градот Вавилон, што потекнува од 6 век п.н.е. Тоа е митолошки хибрид: змеј прекриен со крлушки, на задните нозе има канџи од орел, предните нозе наликуваат на нозе од мачка, долг врат и опашка, глава со рогови, јазик како на змија, и кикиришка.

Потекло и значење на називот Називот Мušḫuššu доаѓа од акадскиот јазик и означува номинатив за сумерскиот термин Мušḫus што во превод значи „црвеникава змија“ или „жестока змија“, но може да значи и „раскошна змија“ или „сјајна змија“.

Во астрономијата Соѕвездието Хидра, кое во вавбилонската астрономија било познато како Muldmuš (змија)The Assyrian Dictionary, vol. 10 part II. стр. 270., претставувало змија со предни нозе на лав, без задни нозе и со глава на Сируш.F.A.M. Wiggerman,Snake Gods”E. Weidner, Gestirn-Darstellungen auf Babylonischen Tontafeln (1967) Plates IX-X Ова чудовиште ги инспирирало Грците да го создадат суштеството познато како Лернејска хидра, што подоцна било основа за современиот приказ на Хидрата.

Криптозоологија Германскиот археолог Роберт Колдевеј, кој ја открил Портата на Иштар во 1902 година, сериозно ја разгледувал идејата дека сируш е портрет на животно што постоело. Тој сметал дека сликите во Вавилонската уметност се исти со векови, но оние на митолошките суштества се менувале, понекогаш драстично за неколку години. Исто така, Роберт Колдевеј забележал дека сируш е насликан веднаш до постоечки животни (лав и тур), што го навело да претпостави дека сируш е животно добро познато на Вавилонците.

Галерија

Наводи

Категорија:Митски суштества