мини|258x258px|Српска раја во расправа со ајан. Раја (од [ra`aya], множина од [ra`iya]; ; или ) — припадници на нижата класа на османлиското општество кое плаќало даноци, за разлика од аскерот (вишата класа) и кулата (робовите). Рајата сочинувала повеќе од 90% од општото население на милетските заедници. Во муслиманскиот свет, раја буквално значи поданик на влада или владетел. Раја (буквално „припадници на стадото“) вклучувала христијани, муслимани и Евреи кои биле оданочувани за поддршка на државата и придружната „професионална османлиска“ класа.
Меѓутоа, како и во тогашната и во современата употреба, поимот се однесувал на немуслиманското население, кое уште се нарекувало зими.Collaborative International Dictionary of English v.0.48, "Rayah \Ra"yah\ (r[=a]"y[.a] or r[aum]"y[.a]), n. [Ar. ra'iyah a herd, a subject, fr. ra'a to pasture, guard.] A person not a Mohammedan (i. e. Muslim), who pays the capitation tax. (Turkey) (1913 Webster)"Dictionary.com definition Зборот понекогаш погрешно се преведува како „стока“ наместо „стадо“ или „поданик“ за да се нагласи понискиот статус на рајата.
Во ранот Османлиско Царство, членовите на рајата немале право на воена служба, но од крајот на 16 век, муслиманската раја го добила ова право, за жал на некои од владејачките класи.
Поврзано Дервенџија Каурин Џизија Милет (Отоманско Царство)
Наводи
Литература
Категорија:Општествени класи во Отоманското Царство Категорија:Турцизми