Порт Жантил () е град во Габон.
Се наоѓа на западната страна од државата, и е административен центар на провинцијата Приморско Огове и департаманот Бенџе. Разделен е на 4 области. Има околу 136,462 жители (2013) и е вториот најголем град по население во државата. Исто така претставува најголемото пристаниште во Габон.
Градот е познат со хотелите и ноќниот живот, а како атракции за туристите се – црквата „Свети Луи“ (изграден во 1927 г.), зоолошката градина, казината, плажите, како и дивите ѕверови во блиските мочуришта.
Категорија:Градови во Габон